среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 179
home Вести

Собранието ќе ја продолжи 38. седница во 15 часот

Собранието ќе ја продолжи 38. седница во 15 часот

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка денеска помина и на Законодавно-правната комисија, откако вчера доцна попладне заврши општата и амандманска расправа на Комисијата за европски прашања.

Како што информира собраниската прес-служба, денеска во 15 часот ќе продолжи 38. седница на Собранието со две точки на дневниот ред, одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, и измена на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

По завршување на 38. седница на Собранието, како што е најавено, ќе продолжат 20-та, 25-та, 26-та, 29-та, 30-та и 34-та седница на Собранието.

Најнови вести

Локални избори 2021