вторник, 13. април 2021. Вести денес: 160
home Вести

Собранието ќе ја одржи 34. седница

Собранието ќе ја одржи 34. седница

Собранието денеска треба да ја одржи 34. пленарна седница на чиј дневен ред се околу 70 закони во прво и второ читање.

На седницата се ставени и два закона по скратена постапка – измените на Законот за прекршоци и измените на Законот за средно образование поднесени од група пратеници од опозицијата.

Во второ читање треба да бидат разгледани измените на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, Дополнетиот предлог на закон на Законот за задолжница, Предлог законот за меѓународна соработка во кривичната постапка и измените на Законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Повеќето предложени закони на 43 седница се во прво читање.

Коронавирус