недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Собранието ја укина забраната, усвоени измените на законот за продажба на алкохол

Собранието ја укина забраната, усвоени измените на законот за продажба на алкохол
Фото илустрација

Собранието со 62 гласа „За“ денеска ги усвои измените на Законот за трговија со кои се укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот воведена во 2008 година.

Владата на една од седниците во мај донесе одлука да му предложи на Собранието укинување на ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци.

Во соопштението од владата се наведуваше дека основните решенија на Предлог законот кој ќе биде доставен на усвојување во Собранието предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои истата ќе се врши, односно ќе се дозволи продажбата на истите и во киосците.

Коронавирус