вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 203
home Вести

Собрание: Џафери го спаси Заев од „Рекет“ и од нова „бомба“ на Милошоски

„Пред некој ден објавив аудио каде што Зоран Заев знаел за старечките домови, за Рекет, па потоа, откако беше објавен случајот во јавноста, тој се правеше дека прв пријавил, иако за тоа немаше никаков записник. Имаше уште еден легално снимен разговор, каде што се споменува лицето Милевка од Радовиш, рече Милошоски. Тој рече дека министерката Радмила Шекеринска три пати била на вечера кај првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, а најмалку еднаш била заедно со второосомничената, Катица Јанева и сигурно не разговалале за музиката во 80-ите.
Собрание: Џафери го спаси Заев од „Рекет“ и од нова „бомба“ на Милошоски

 

Продолжението на седницата на Собранието за Законот за ЈО продолжи  со говорот на Антонио Милошоски, кој побара од претседателот Талат Џафери да презентира нови аудио-снимки од свиркач, на кој се слуша дека лидерот на СДСМ е главата на Рекетот.

Џафери пак, му возврати дека пленарната седница не е место каде што се објавуваат аудио разговори и го повика ако има нешто да го адресира во надлежните институции. Откако собранискиот спикер не му дозволи да пушта разговори, тој извади фотографија, на која пишуваше „Рене, Оли, Боки, Рекет“, со љубовна соддржина и толку соодветна за денешниот Ден на вљубените.

„Пред некој ден објавив аудио каде што Зоран Заев знаел за старечките домови, за Рекет, па потоа, откако беше објавен случајот во јавноста, тој се правеше дека прв пријавил, иако за тоа немаше никаков записник. Имаше уште еден легално снимен разговор, каде што се споменува лицето Милевка од Радовиш, рече Милошоски.

Тој рече дека министерката Радмила Шекеринска три пати била на вечера кај првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, а најмалку еднаш била заедно со второосомничената, Катица Јанева и сигурно не разговалале за музиката во 80-ите.

 

Коронавирус