сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 69
home Вести

Собрани 140.000 евра за лекување на четиригодишната Симона Хаџи-Тошев

Собрани 140.000 евра за лекување на четиригодишната Симона Хаџи-Тошев

Собрани се речиси 140.000 евра за лекување на четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, која боледува од леукемија.

Штипјани, но и хуманите граѓаните од целата држава минатиот месец беа дел од низа на хуманитарни акции, концерти со цел да се соберат средствата за лекување на малата Симона, која заедно со родителите веќе е во Клиниката во Загреб.

Нивниот пријател, Борис Шарковски, кој беше дел од организацијата на низата настани во Штип, но и низ останатите градови во земјава, вели дека со сите досега организирани настани за лекување на Симона Хаџи-Тошев во Загреб, како што се кутии за донации, концерти, театарски претстави, телефонски броеви собрани се приближно 140.000 евра, од вкупно потребните околу 150.000 евра.

-Преостанатите средства се очекува да се соберат од настаните кои веќе се закажани. Поради тоа, телефонските броеви за донации не се веќе активни, кутиите се повлечени, on-line платформите се затворени, останува отворена само трансакциската сметка за проестанатите уплати и исплати, вели Шарковски.

Таткото на малата Симона на социјалните мрежи се заблагодари на големата хуманоста која ја покажаа граѓаните.

– Граѓаните на Штип и Македонија уште еднаш покажаа дека во тешки моменти знаат да подадат рака на оние на кои им е потребно. Немам простор поединечно да ги споменам сите кои несебично се вклучија во оваа акција, затоа, благодарам за сите поединци, фирми и институции од Македонија и светот кои донираа дел од свои парични средства за помош на Симона и семејството, напиша на својот фејсбук профил, Хаџи-Тошев.

Коронавирус