недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Собир на граѓани вечерва во Скопје, центарот ќе биде затворен за сообраќај

Собир на граѓани вечерва во Скопје, центарот ќе биде затворен за сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека денеска во периодот од 19 до 20 часот во Скопје ќе се одржи собир на граѓани.

-Во тој период Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на ул. 11 октомври на потегот од крстосницата со ул. Даме Груев и крстосницата со булевар Кочо Рацин во двата правци. Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир, се вели во соопштението на МВР.

МВР, согласно своите законски обврски и надлежности, ќе спречи секакви можни обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните.

Коронавирус