понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 118
home Вести

Aфера „Ловец“: Со злоупотреба на политичката моќ, локални моќници на СДСМ вршат насилно преземање на ловното друштво во Македонски Брод

Ловното друштво „ПЕСЈАК“ преку отворено писмо до медиумите потенцираат дека со злоупотреба на политичка моќ, локалните моќници на СДСМ вршат насилно преземање на ловното друштво во Македонски Брод.
Aфера „Ловец“: Со злоупотреба на политичката моќ, локални моќници на СДСМ вршат насилно преземање на ловното друштво во Македонски Брод

Отвореното писмо интегрално ви го пренесуваме во целост

Здружението на граѓани „Ловно друштво ПЕСЈАК“ со седиште во Македонски Брод успешно функционира уште од  своето основање во далечната 1976. година. Здружението секогаш се водело принципот на меѓусебно почитување на членовите – ловци, без оглед на личната национална и етничка припадност и политичка определба, а единствените нешта кои ги поврзувале како членови на здружението биле пасијата кон ловот и зголемување на животинскиот фонд во тој крај од Македонија.

Сепак, локални моќници на СДСМ решиле да го претворат здружението во поле за партиски пресметки, по принципот “Кога јас сум на власт во Македонски Брод, мора да раководам со сè, па зошто да не со ловното друштво?“.

Па така, уште во летото минатата година, кога се одржувале редовни избори во здружението, партиски послушници на СДСМго нарушиле изборниот процес, целата вест можете да ја прочитате ТУКА.

По извесно време се состанале на тајна локација (надвор од просториите на здружението), каде „глумеле“ избори, направиле низа фалсификати  со кои за нов претседател го “крунисале“ Дејан Андрески, член на централниот одбор на СДСМ во Македонски Брод.  Така фалсификуваните документи ги поделе во Централниот Регистар – канцеларија Гостивар, со цел овој орган и официјално да ја спроведе незаконитата промена.

Насетувајќи на што сè се подготвени само за да ги исполнат партиски наредби, тековното раководство на здружението веднаш прати две известувања до Централниот Регистар (и до канцеларијата во Прилеп – каде што се наоѓа регистарската влошка со сите документи на здрушението, и до самиот главен регистратор на Централниот Регистар  на РМ во Скопје– Павлина Голејшки). Со тоа  здружението уредно ги извести овие органи дека  тековниот претседател на здружението е реизбран и е со нов мандат. Но што е уште поважно, со овие известувања здружението го информираше Централниот Регистар  за противправните планови за насилничко преземање на здружението, па му укажа особено да внимава доколку прими какво било барање за регистрирање на промена, затоа што се работи за факсификувана документација.

Особено симптоматично е тоа што фалсификуваната документација за промена била поднесена во канцеларијата на Централниот Региста р во Гостивар (ниту во многу поблиската канцеларија во Прилеп, каде што и се наоѓа регистарската влошка на здружението, ниту во Скопје каде што е главната дирекција на Централниот Регистар).

Очигледно, во канцеларијата во Гостивар “пробило шилото“, па така предметот за незаконитата промена дошол на масата на регистраторот во Гостивар Даниела Страшеска (која работи по овластување на главниот регистратор Павлина Голејшки). Регистраторот Страшеска воочила дека документацијата е несоодветна, но наместо да го одбие барањето за промена, на подносителот Дејан Андрески (незаконски крунисаниот нов претседател на здружението) му дала дополнителен рок за корекции на документацијата.

Тие корекции, секако, можеле да бидат само нов фалсификат .„Лудилото“ отишло дотаму што (повторно на тајна локација) организираната група “одглумила“ нови избори, направиле целосно нова фалсификувана документација и како таква ја поднеле до регистаторот во Гостивар.

Регистраторот Даниела Страшеска (во услови кога пред себе имала два комплета документи за иста работа, како и укажувањата на здружението дека се работи за фалсификат, наместо барањето за промена да го одбие и случајот да го пријави кај надлежните органи, донела решение со кое Дејан Андрески се регистрира за нов претседател на ловното друштво.

На тој начин, борбата за правда и слобода на здружување на ловците од Македонски Брод се претвори во битка на Давид против Голијат.

За среќа на правниот поредок, “шилото“ на неправдата не успеало да пробие секаде. Решавајќи по  вложената жалба против решението на регистраторот од Гостивар, Комисијата на Централниот Регистар надлежна за решавање по жалби (составена од еминентни правници и други докажани стручни лица) жалбата ја уважи, ги констатираше незаконитостите во постапката, па решението го поништи,  а предметот го врати на гостиварскиот регистратор за повторно одлучување.

Секако, “лудилото“ не застанало ниту тука. Сега, кога веќе и било укажано каде згрешила при постапувањето првиот пат, регистраторката во Гостивар наместо да го одбие барањето за промена, на 31.12.2019.година донела ново решение идентично како и претходното, со кое како претседател на здружението го запишува  Дејан Андрески – очигледно новогодишен подарок за членот на централниот одбор на СДСМ во Македонски Брод. (Извадок од архивата на ЦРМ од решението)

Останува прашањето какво е противправното влијание на локалните(или можеби поголемите) моќници во целата работа, има ли политички интерес  или само личен интерес за ваквите организирани противправни дејствија? Дали работата се завршила за некому да му се угоди или во прашање е нешто друго… а можеби и само за еден РУЧЕК се завршила целата работа.Останува и прашањето зошто партиската машинерија на СДСМ “заглибила“ во криминал за да добие едно ете, да има свој човек за претседател на здружение на граѓани? Што е следно? Дали така ќе менуваат и претседатели на куќни совети, или можеби веќе го прават тоа? Овие прашања ќе добијат одговор во друга, посебна постапка.

Во мометов е поднесена и нова жалба на ново-старото решение, а силно веруваме дека комисијата  како второстепен орган повторно ќе постапи согласно законот и нема да дозволи да биде вовлечена во дворските и политички  игри.

Воедно ја известуваме јавноста дека нашата борба за правда не застанува со постапката по жалба. Нашиот адвокатски тим помогнат од  експерти од невладиниот секторги анализира обемните докази кои укажуваат на тоа дека организирана група лица сторила низа кривични дела во целиот процес на ваквото насилничко, незаконито и неумесно преземање на ракоовдењето со ловното друштво. По завршувањето на анализата, доказите со кривична пријава ќе бидат предадени на надлежното обвинителство. Сметаме дека врз основа на доказите обвинителството ќе отвори истрага во која лесно ќе се утврди дека, на пример, летото 2019.годинаповеќе лица уплаќале членарина на ловното друштво  за подоцна да тврдат дека имаат право на глас (иако знаеле дека за такво нешто мора да бидат регистрирани членови, со потпишана пристапница), други лица пак фалсификувале исправи ,трети истите ги употребиле пред Централниот Регистар, одредени лица во текот на целиот процес противправно влијаеле кај надлежните ортани, за да на крај службени лица во Централниот Регистарсо злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службатаја завршатцелата мисија и да извршат незаконит упис .

ЗА ОВА СРАМНА КОАЛИЦИЈА ЗА НЕПРАВДА ќе мораме да ги известиме и странските претставници во државава, а нашата нерамноправна борба нека биде еден мал придонес од ловците за владеење на правото коетреба да биде врвен приоритет за сите граѓани.

Јавноста секако ќе биде соодветно известена за сите настани поврзани со наведеното погоре.

Со ловечки поздрав и крик за правда

Група ловци – членови на здружението “ПЕСЈАК“ Македонски Брод, стои во нивното отворено писмо до јавноста.