понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Со Заев на Македонија ѝ се случи еколошка катастрофа, воздухот загаден, водите пресушија

Со Заев на Македонија ѝ се случи еколошка катастрофа, воздухот загаден, водите пресушија

Нема прес конференција на власта, а да не се нагласи грижата за здравјето на граѓаните во Македонија. Наспроти ваквите изјави и флоскули на власта ситуацијата на терен е сосема поинаква. Македонија е на врвот на листите во светот како земја со најзагаден воздух. Штетните ПМ 10 честички неколкукратно го надминуваат дозволениот праг речиси во сите градови низ земјата.

Власта нема вложено средства во ниту еден поголем проект за заштита на животната средина за што сме критикувани и во извештајот на ЕК. Нема ниту еден проект за енергетска ефикасност, за заштита на биодиверзитетот на езерата низ земјата, напротив се испразнија под дозволениот минимум.

Злоупотреби

Во извештајот на Европската комисија констатирани се многу слабости и злоупотреби на механизмите и институциите. Помеѓу останатото најголем недостаток има кај  слабиот напредок во подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загаденоста.

Во Извештајот на Европската комисија дополнително се нотира дека е слаб напредокот за подобрување на квалитетот на воздухот воопшто. Според извештајот, главниот проблем зошто не може да се намали загаденоста на воздухот е слабата координација помеѓу централните и локалните институции. Нема проекти со кои ќе се искористат европските пари за подобрување на квалитетот на воздухот додека секојдневно сме на врвот на листата на најзагадени земји во светот. Чистиот воздух беше едно од главните ветувања на СДСМ во предизборната кампања, но не се превземени никакви поконкретни мерки во овој правец.

На самиот почеток на грејната сезона од Министерството за животна средина информираа дека многу станици за мерење на загаденоста на воздухот не работат, а признаваат и дека шест од нив нема ни да проработат пред  декември.

Нема вода

Непланското работење ги испразни езерата и реките. Владата неколку месеци наназад ги игнорираше апелите од страна на граѓаните, биолозите и  експертите за лошата состојба со водостојот на езерата и реките во Македонија. Поради катастрофално ниското ниво на водостој на водите и сериозна закана за биодиверзитетот владата донесе одлука хидроцентралите да се исклучат за да остане вода во еерата и реките во Македонија

Состојбата со водостојот на природните и вештачките езера како и акумулации низ земјата е алармантна. Се испразнија и Преспанското, Охридското, Мавровското и Тиквешкото езеро.

Моментално водата во Тиквешкото езеро е падната за 24 метри од минималната кота на самото езерото. Власта поради профит и засиленото производството на електрична енергија во текот на летниот период од хидро електрани ги пресуши езерата ширум Република Македонија.

Токму поради тоа пред неколку дена со одлука на Владата, хидроцентралите ќе ги исклучат турбините за да остане вода реките и езерата а недостатокот на електрична енергија ќе се надомести со купување од странство.

„Со оглед на тоа што според сите показатели и споредбени просеци во изминатите 15 години, 2020 година е исклучително лоша во однос на хидролошката состојба, како и со оглед на поинтензивната работа на хидроелектраните во одреден период во последните неколку месеци поради елементарните непогоди во рудниците во РЕК Битола, водата во езерата се искористи во пообемна мера и секој понатамошен истек ќе го загрози еколошкиот минумум на котите, неопходен за живиот свет“, соопштуваат од министерството за животна средина и просторно планирање.

Неповолна хидролошка состојба има и на системот Студенчица, како и технички проблеми во РЕК Битола.

Најнови вести

Коронавирус