недела, 27. септември 2020. Вести денес: 103
home Вести

Со вонредни летови од Берлин и Келн вратени над 90 македонски државјани

Со вонредни летови од Берлин и Келн вратени над 90 македонски државјани

Авиокомпанијата „Визер“ вчера спровела нови вонредни летови со кои превезени се повеќе од 90 македонски државјани од Германија (Берлин и Келн) кои биле заглавени поради пандемијата со Ковид-19.

Како што информираат од компанијата, овие летови се резултат на соработката помеѓу „Визер“ и Владата, со цел навремена и брза помош на патниците кои имаат потреба.

„Првиот лет беше од Скопје до Берлин, слетувајќи на дестинацијата во 13:30 часот по локално време. Оттаму се упати до Келн и потоа се врати во Скопје, каде слета во 18 часот по локално време. Повеќе од 90 македонски патници беа на летот за Скопје, со што вкупниот број македонски државјани на кои „Визер“ им помогнаво изминатава недела е над 460, откако беа превезени македонски патници уште на два вонредни лета, кои се реализираа на 27 март“, информираат од компанијата.

Коронавирус