недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Со владата на СДСМ и тоа го има: За Бајрам полициски час, ама од вторник може во кафана

Со владата на СДСМ и тоа го има: За Бајрам полициски час, ама од вторник може во кафана

Угостителските објекти ќе се отворат на почетокот на следната недела, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој појасни дека тие ќе се отворат во вторник ако Комисијата за заразни болести ја донесе одлуката в петок.

-Доколку не биде донесена одлука в петок, отворањето на угостителските објекти сигурно ќе биде во текот на првите денови од неделата, рече Филипче.

Неговата изјава доаѓа по веста за долгиот полициски час кој почнува од 19 часот в сабота и трае се до вторник во 5 часот наутро или цели 58 часа.

Но, парадоксот на овие мерки е што по карантин од два и пол дена, веднаш следува отворање на кафулињата и рестораните.

Ако го издржите, утредента најверојатно ќе можете да одите во кафеана за да прославите што сте издржале и сте минале 58 часа дома?!

Мислеше ли некој на последиците, психолошкиот момент и домино ефектот на чинот по 58 часа полициски час утредента веднаш по неговиот крај да се овозможи отворање кафеани и ресторани?

Во меѓувреме, со вчерашните четворица починати и новорегистрирани 19, вкупниот број на активни случаи заразени со коронавирус во земјава изнесува 381, а на починати е 110.

Коронавирус