вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 45
home Вести

Со уставните измени Mакедонија ќе гарантира и туѓ територијален интегритет

Со уставните измени Mакедонија ќе гарантира и туѓ територијален интегритет

Македонија ќе го гарантира територијалниот интегритет за себе но и за соседните држави…така барем владата предлага во документот за измена на Уставот. Со измената на членот 3 кој владата го „стокми“ по договореното во Нивици, ќе се прецизира поцврста гаранција за трајноста на границите, анализира телевизија Алфа.

-Со новиот уставен амандман кој се предлага ќе се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и со тоа ќе се прецизира поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии. Тоа ќе значи заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија и на соседните земји, стои во документот.

Но уставните експерти предупредуваат – со Уставот на Македонија не може да се гарантира суверенитет ниту политичка независност на соседните држави. Во делот на не менување на границата предлогот содржи апсурд непознат во уставно-правната пракса. Во новиот амандман на чл.3 се предлага да се декларира почитување на суверенитет, територијален интегритет и политичка независност во соседните држави, прашања што веќе се уредени во меѓународното право, но и во уставите на соседните држави, велат уставните професори кои консултиравме.

Членот 3 беше и главниот трн во око за Грците бидејќи во него гледаа иредентизам…еве што пишува во него: „Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот“.

Со уставните измени уште во 1992-та, во Амандманот 1 беше додаден принципот на доброволност при промената на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми.

Уште пред 26 години Македонија со прифаќањето на измена  на овој амандман, се обврза дека нема територијални претензии кон соседите, но актуелната влада повторно се согласи на измена на нешто што веќе е договорено.