сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Со укинувањето на лустрацијата, СДСМ собира политички поени: Сите предмети се врз основа на законот и документите!

Со укинувањето на лустрацијата, СДСМ собира политички поени: Сите предмети се врз основа на законот и документите!

Томе Аџиев, поранешен претседател на Комисија за лустрација, вели дека Комисијата за верификација на фактите немала никакви притисоци при својата работа.

Сите предмети на лустрација, рече, имале поткрепа со документи.

-Ќе кажам дека сите предмети кои ги помина Комисијата за верификација на факти кои завршија со одредени решенија врз основа на кои беше прогласено дека одредено лице било соработник се прецизни врз основа на документи. Нема ниту еден предмет каде што фалат документи, или каде што нема документи или пак кај што некој креирал документи. 11 членови беа во комисијата сите ги гледаа документите и гласаа според својата совест, вели Аџиев.

Тој потенцира дека сите предмети се врз основа на законот и документите со кои што располагаше комисијата.

-Сите предмети се врз основа на законот и документите со кои што располагаше комисијата. Документите најчесто беа добивани од државниот архив на Република Македонија каде што се архивирани сите досиеја тоа се некаде околу 15 илјади досиеја и нешто од УБК, таму некоја помала група добивме. Никој не можеше да биде лустриран врз основа на не знам, политички влијанија ако нема документи, не можеше да биде лустриран. Никој од членовите, сите беа сериозни луѓе, не би влегол во таква игра да направи некој преседан да гласа како што ќе му текне без да има документи без ништо. Тие документи сите се архивирани во Државниот архив, секој може да го види ќе одговараме сите ние ако нема документи, вели тој.

За новинарот Тодор Пендаров, укинувањето на законот е поради политички причини и нема никаква поврзаност ниту со правда, ниту со правдина.

-Сега од СДСМ доаѓа идеја овој закон да се укине што мислам дека нема никва врска ниту со правда, ниту со правдина туку се обидуваат сега во предизборието да фатат некакви политички поени иако според мене е веќе доцна за било какви политички поени кои ќе им донесат победа, рече тој.

Коронавирус