вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 61
home Вести

Со укинување на онлајн обложувањето се загрозува економскиот систем на Македонија

Неверојатно е дека државата не ги гледа сите придобивки што онлајн обложувањето ги донесе во буџетот среде економската криза, особено што оди во прилог на мерките за борба против епидемијата, бидејќи играчите без физичко присуство можат да уживаат во овој вид на забава.
Со укинување на онлајн обложувањето се загрозува економскиот систем на Македонија

Наспроти сите епидемиолошки мерки, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за неверојатен потег – повторно забранува онлајн обложување! Неверојатно е дека државата не ги гледа сите придобивки што онлајн обложувањето ги донесе во буџетот среде економска криза, особено што оди во прилог на мерките за борба против епидемијата, бидејќи играчите без физичко присуство можат да уживаат во овој вид на забава. Во време кога целиот свет се префрлува на веб-работење и повеќето работи можат да се направат онлајн, нашата земја повторно прави чекор наназад. Одредени интересни групи работат и против здравствениот и економскиот систем на земјата.

Уредбата која на 24-ти април овозможи онлајн обложување во земјата по пат на домашни лиценцирани сајтови мораше да биде претворена и во трајно законско решение, бидејќи тоа е двострана корист и за државата и за индустријата. Наместо тоа, уредбата е укината, со што на играчите им е одземен најбезбедниот начин да се забавуваат, а на приредувачите им е одземена можноста за непречено работење.

Македонија со воведувањето на Уредбата за онлајн обложување покажа дека ги следи европските процеси, се овозможи и понатамошно континуирано полнење на државниот буџет и чување на десетици илјади работни места среде кризата која се уште е во полн ек. Легалните приредувачи на игри на среќа очекуваа дека и идните законски решенија ќе го следат тој пример, но повторно наидуваат на препрека.

Во услови на пандемија и намалено движење на граѓаните во зима, со укинување на уредбата за онлајн обложување доаѓа до огромни намалувања на приходот во оваа индустрија, што драстично ќе се одрази на приливот од стотина милиони евра во државниот буџет годишно.

На тој начин, предност повторно се дава на странските сајтови за онлајн обложување на кои играчите повторно масовно ќе заминуваат, што е огромна загуба за државата – помеѓу 40 и 50 милиони евра годишно!

Уредбата на Владата усвоена на 24-ти април е донесена како одговор на криза и таа помогна да се сочуваат многу работни места кои директно и индиректно ги поддржува индустријата – повеќе од 70.000 луѓе во потполност или делумно се зависни од генерирање на личен доход во еден цел ланец на вредности кој го создаде оваа индустрија. Уредбата помогна на приредувачите да ги задржат своите вработени, но и да продолжнат да влеваат средства во државниот буџет, кој на годишно ниво изнесува 280 милиони евра!

Уредбата се покажа како одлично решение за одржливост на оваа индустрија, која директно вработува околу 10.000 луѓе и има силен придонес кон државната економија, особено што спортското обложување беше една од најпогодените гранки во кризата. Прво заради стопирањето на сите спортски натпревари ширум светот, а покасно и заради тоа што спортските обложувалници беа затворени речиси два месеца согласно рестриктивните мерки на Владата.

Индустријата на игри на среќа плаќа високи даноци и учествува со неверојатни 4% удел во бруто домашниот производ, а придонесот на индустријата на игри на среќа кон јавниот буџет годишно се зголеми околу 40 отсто! Легалните приредувачи и во текот на кризата предизвикана од коронавирусот продолжија да ги исполнуваат своите редовни обврски кон државниот буџет и буџетите на локалните самоуправи, кои годишно изнесуваат повеќе од четвртина милијарди евра, а претходните месеци дадоа акцент на општествено одговорните активности во здравствениот систем.

Имено, само минатата година државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа инкасирале рекордни 280 милиони евра. Од тие, 155 милиони евра од директни приходи и 125 милиони евра благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални даноци, придонеси и даноци на добивка, закуп на деловен простор… За плата на своите вработени, компаниите кои приредуваат игри на среќа издвоиле околу 50 милиони евра.

Повеќе од 10.000 вработени во индустријата на игри на среќа, обезбедуваат уште по седум работни места во други индустрии, па оваа индустрија на забава поддржува околу 70.000 работни места. Земајќи ги предвид членовите на семејствата, речиси 10% од жителите во државата директно и индиректно живеат од оваа индустрија.

Со укинувањето на онлајн обложување, постои опасност игрите на среќа сè повеќе да се преселуваат на црниот пазар, што би отворило дополнителни проблеми за економијата и целокупната заедница. Било какво лошо законско решение може да има несогледливи последици по економијата и општеството, а една од нив е и загубата на стотина милиони евра кои би се одливале од државата преку нелегалниот пазар.

Коронавирус