понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 44
home Вести

Со трошки од Буџетот ќе го чистат воздухот

Со трошки од Буџетот ќе го чистат воздухот

Додека беа во опозиција челниците на СДСМ често држеа прес-конференции на кои, од тогашната власт бараа чист воздух. Но сега, откако седнаа на владините столчиња, загадениот воздух одеднаш како да не им смета, па сега за борбата со загадениот воздух, од историски најголемиот македонски буџет, делат само ситни трошки.

Парите во новата 2021 година што ќе ги добие министерството за екологија не се доволни за подобрување на животна средина. Екологистите негодуваат дека е нејасно колку точно пари се влеваат за борбата против аерозагадувањето, бидејќи удел имаат повеќе институции.

Таксите предвидени за екологија не се знае дали завршуваат во тој сектор, бидејќи се уплаќаат на државниот буџет. Невладините бараат формирање на Фонд за животна средина, кој ќе го регулира тоа. А, за подобра животна средина, се потребни пари колку што во 2021 година изнесува целокупниот буџет.

„Некои проценки кои ги знеме можеби пред десетина години, можеби не се веќе актуелни, велеа дека отприлика четири милијарди евра потребно е да ги инвестираме во секторот животната средина. Зборуваме за комплетно доведување на нашата држава во евроипски стандарди, во сите можни сектори, води, земјоделие, до отпад…“, вели Ана Чоловиќ Лешоска, Еко – свест за Алсат телевизија.

Од друга страна, инсталацијата на мерните станици оди многу бавно. Според екологистите, досега можеше во цела дражава тие да се инсталираат. Мерните станици треба редовно да се одржуваат, за да немаме расипани станици за квалитеот на воздухот, како што сега тоа е случај со ннеколку низ држава.

Четирите расипани мерни станици за мерење на квалитеот на воздухот не се знае дали ќе бидат поправени годинава.

Министерот Нуредини вчера најави дека догодина постепено ќе се подобрува аерозагадувањето. Но, со средствата кои се доделени од буџетот тешко дека може да се дојде до поквалитетен воздух. Инаку, и Европската комисија во годинашниов извештај за Македонија нотираше дека владата не издвојува доволно финансиски средства за животната средина и за обезбедувањето чист воздух.

Од буџетот за 2021 кој изнесува четири милијарди и 25 милиони евра Владата ќе одвои 16,7 милиони евра за Министерството за животна средина, под чии надлежности е и борбата против аерозагадувањето.

Коронавирус