четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 16
home Вести

Со српски пасош на влез во Грција пополнувал формулар оти е роден во Македонија

Со српски пасош на влез во Грција пополнувал формулар оти е роден во Македонија

Ивица Штурбек од Белград бил непријатно изненаден при влез во Грција на граничниот премин Богородица-Евзони вчера, кога, и покрај покажаниот српски пасош, му рекле да пополни формулар каков што добиваат македонските државјани.

„Дали некој добил ваква хартија на грчка граница на влез и што претставува тој?“, прашува Штурбек на својот профил на „Фејсбук“, објавува порталот „Експрес.мк.

Како што пишува порталот, државјанинот на Србија морал да пополнува формулар поради тоа што во неговиот српски пасош пишува дека е роден во Куманово, Република Македонија.

Тоа е редовна пракса на Грција кога станува збор за сопствениците на македонски патни исправи поради непризнавањето на името на државата.

Но, по искуството на Штурбек испаѓа дека со ваква процедура може да се соочат сите што имаат пасош на друга држава, а се родени во Македонија, без разлика дали се Македонци по род, но и етничките Македонци што поседуваат патни исправи, на пример, на Бугарија, Турција, Албанија или на САД, Канада, Австралија, на некоја западноевропска земја итн.

Коронавирус