сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 55
home Вести

Со слика од водопадите на Лешница Еди Рама ги претставува убавините на Албанија, ќе реагира ли македонското МНР? (ФОТО)

Со слика од водопадите на Лешница Еди Рама ги претставува убавините на Албанија, ќе реагира ли македонското МНР? (ФОТО)

Албанскиот премиер доцна синоќа на својот официјален Фејсбук профил објави слика од Република Македонија, поточно од Кривошијска река на Шар Планина и пределот познат како Лешница, претставувајќи го како една од убавините во Албанија.

„Преубавата Албанија. Кањонот на Лешница“,напиша Рама на својот ФБ профил и постави фотографија од прекрасните водопади на реката Лешница на Шар Планина.

По ова социјалните мрежи се разгореа, а многумина и под фотографијата започнаа да го критикуваат и да му упатуваат жестоки коментари на албанскиот премиер.

„Немој вие од Влада на Република Северна Македонија да го повикате амбасадорот на Рама нота протестна да пратите што делови од Македонија ги нарекува Албанија , ќе ги нарушите супер односиве со Албанија.
Ќутете си вие. Нема врска што ова не доаѓа од обичен човек туку од премиер на соседна земја.
Министерство за Надворешни Работи / Ministry of Foreign Affairs се слушаме? Или и овие на глава ќе ви какаат???
Достоинство малку да се дрзнете да покажете?“, се само дел од коментарите на револтираните граѓани на социјалните мрежи.

Многумина денеска се прашуваат и дали ќе реагира македонското Министерство за надворешни работи поради оваа провокација на Рама?

Инаку за пределот Лешница е познато дека поради големиот надолжен пад, долж течението на Кривошијска Река се јавуваат повеќе водопади и еден слап.

Така, околу 1 километар низводно од извориштето е првиот покарактеристичен водопад кој се нарекува Кривошијски водопад или Горно Цкало. Интересно е што без оглед на релативно малиот протек, водната завеса преку карпата е широка 2-3 метри и се распрснува во бројни ситни капки кон подножјето. Овде, глетката е навистина импресивна, посебно кога ќе се забележи водопадското виножито.

Инаку, во карпестите маси странично од водопадот има две поткапини длабоки по десетина метри во кои може да се засолните при лошо време.

Коронавирус