недела, 27. септември 2020. Вести денес: 92
home Вести

Со СДСМ на власт следува време кога судски пресуди ќе се носат онака како што му одговараат на Заев, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Со СДСМ на власт следува време кога судски пресуди ќе се носат онака како што му одговараат на Заев, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Со СДСМ на власт имаме време на криминал, мафија и корупција. Со СДСМ на власт судиите носат селективни одлуки во корист на власта, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта ќе се пресметува со неистомислениците преку судот, ќе нарачува обвиненија, ќе монтира случаи, ќе избира подобни обвинители и судии, ќе си го амнестира криминалот. Зоран Заев и СДСМ во наредното нивно стерилно соопштение нека одговорат кој одговараше за криминал во државата додека тие се на власт. Тие што треба да одговараат се најблиску во скутот на Зоран Заев.         ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ која заврши  со смртни последици. Ревизијата е нешто што најмалку може да се спроведе во моментов и да се истера правдата на виделина, а ожалостеното семејство едноставно да добие правда на своја страна, се наведува во нивното соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваква нефункционалност и политичка инструираност на судски инстанци и институции не е видена до сега.

-Но за жал ова не е прв случај на неправда, има повеќе. Неодамна беше и пресудата за убиството на млад кошаркар и тинејџер во Ново Лисиче од пред извесно време, каде исто така и таму не беше задоволена правдата и јавноста бурно реагираше на истата пресуда. Оваа Влада на СДСМ е најкорумпираната која единствено носи судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и мафијата на власт, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус