понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 39
home Вести

„Со СДСМ и Заев на власт имаме најниско ниво на капитални инвестиции“

„Со СДСМ и Заев на власт имаме најниско ниво на капитални инвестиции“

Не мислам дека има економски резултати. Денеска имаше соопштение од страна на Министерството за финансии каде што во првите два квартала капиталните инвестиции се само 9, 83 проценти. Тоа е верувајте најниско ниво на капитални инвестиции во изминатите 29 години, тоа е само 41 милион евра во капитални инвестиции, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при вечерашното гостување во емисијата Отворено на телевизија Алфа.

Тој додаде дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, платите во ИТ секторот биле највисоки за разлика сега кога СДСМ и Заев се на власт, платите се намалиле.

Платите кои што милуваат постојано да ги зборуваат се намалени, конкретно во ИТ секторот. Тој ИТ сектор во изминативе години додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт беше можеби и најважниот сектор со највисоки плати во Република Македонија. Сега гледаме намалување на тој сектор, така да доколку некој треба да понесе одговорност, треба да почне најпрво самиот Зоран Заев и надолу следствено, додаде Арсовски.