понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 164
home Вести

Со само 61 глас ЗА се ратификуваше срамен и штетен договор за добрососедство со Бугарија

Она што е симптоматично е дека при ратификувањето на овој договор премиерот Зоран Заев не беше во Македонија. Во време кога се носат вакви крупни одлуки за иднината на Македонија и нејзните национални интереси Зоран Заев ги остави пратениците од неговата партија да донесуваат антидржавни политики додека тој се скија на некое монденско место во Италија.
Со само 61 глас ЗА се ратификуваше срамен и штетен договор за добрососедство со Бугарија

Додека договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија од страна на бугарските политичарие и од бугарската јавност е еуфорично дочекана во Бугарија, во Македонија не стивнуваат реакциите поради ваквото понижување од страна на СДСМ и Зоран Заев.

Доволно е да се погледне овој штетен договор и ќе може да се забележи зошто радоста кај бугарската страна е разбирлива. Македонската страна се согласи дека ќе се формираат комисии се со цел менување на македонската историја, но во исто време Македонија се откажа од заштитата и поддршката на Македонците во Бугарија како и од македонскиот јазик и на тој начин ја уништи долгогодишната борбата на нашето малцинство што се наоѓа во границите на Бугарија.

Дека не се согласуваат сите со ваквите антидржавни политики покажа примерот на претеникот од редовите на колацијата на СДСМ, Ферид Мухиќ. Според него овој договор не е симетричен и Македонија ќе плати висока цена поради тоа.

-Вообичаено е договорите за пријателство, добрососедство и соработкја да бидат правени врз принципите на реципроцитет и да бидат симетрични. Овој договор не спаѓа во таа стандардна форма, не е граден врз принципите на реципроцитетот и не е симетричен. Во неколу клучни точки отстапува од тоа. Ова треба да се спомене, значајно е да се нагласи дека македонската страна, односно оваа Влада, прават напори кои излеуваат од стандардот, кои не се вообичаени и со тоа ја нагласуваат својата способност да одат подалеку. Тоа е нешто што е многу значајно. Она што се добива со овој договор има и свој цена. Цената е во гестот на македонската власта, кој е крупен и поради тоа јас ќе гласам воздржано, кажа Мухиќ на пратеничката говорница.

Ваквиот негов став го дели и професорката Билјана Ванковска.Според неа ова е штетен и срамен договор што е потпишан од страна на Македонија

-Собранието, одвај, со само 61 глас ЗА, ратификуваше срамен и штетен договор за добрососедство со Бугарија. Во своето обраќање, министерот Димитров изјави: „Денес ќе направите голема работа ако го поддржите ратификувањето. Регионот е оптоварен со историја, историјата е важна но на неа не можеме да делуваме, можеме на иднината. Убаво е кон соседите да можеме да се однесуваме како кон еднакви, да не се плашиме, и нас ни требаат пријатели и ние им требаме нив.“ Ова е дрскост и ароганција од невиден вид! Токму Бугарија покажа колку е оптоварена со историјата, барајќи ревизија на историските читанки, во вид на услов/уцена за иднината. Јазикот си го погазивме и деградиравме, ама баш за ништо за возврат! Во Договорот не фигурираат две страни како ЕДНАКВИ; туку како Силниот наспроти Слабиот (кој уште и го третира како свој, како да не постои). Уште еден срамен чин на македонската дипломатија и влада со кој се гази по нашето национално достоинство и посебност во име на некаква ветена иднина. Секој ден срамот станува се’ поголем и потежок, пишува Ванковска на својот Фејсбук профил

Она што е симптоматично е дека при ратификувањето на овој договор премиерот Зоран Заев не беше во Македонија. Во време кога се носат вакви крупни одлуки за иднината на Македонија и нејзните национални интереси Зоран Заев ги остави пратениците од неговата партија да донесуваат антидржавни политики додека тој се скија на некое монденско место во Италија.