сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Со решенија за портпароли, Агим Нухиу им го честиташе денешниот празник на Албанките, а ги дискриминираше сите останати

Со решенија за портпароли, Агим Нухиу им го честиташе денешниот празник на Албанките, а ги дискриминираше сите останати

Едно е да си жена, а друго е да си жена-Албанка вработена во МВР. Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го објснува тоа попластично.

-Им изразуваме почит на албанските жени и се поклонуваме на сите оние кои придонесоа за институционализација на Охридскиот договор во уставно-политичкиот систем на Македонија“, објави Нухиу на Фејсбук, објавувајќи ги имињата не на жените, туку на Албанките кои биле назначени за портароли во МВР на овој симболичен ден.

Со оваа постапка не само што ги навредува жените, особено оние Албанки чијашто роза МВР ја замени со решение, туку министерството врши дискриминација по родова и национална основа на сите други вработени.

Уште поскандалозно е што оваа срамна и понижувачка одлука на МВР доаѓа среде скандалот со полицајката Јаначковска и функционерот на ДУИ, Беким Асани.

Наместо да се заложи граѓаните на Република Македонија да се чувствуваат безбедно, така што ќе ги заштити своите вработени, МВР сесрдно се заложува на жените да им го покаже местото – под чизмата на насилниците и моќниците.

„На овој симболичен ден, за првпат Министерството за внатрешни работи ги овласти следниве Албанки за портпароли:

1. Мерита Шехи – Портпарол во Министерството за внатрешни работи;
2. Валдете Етеми – Портпарол во секторот Скопје;
3. Мирсаде Фејзули – Портпарол во секторот Куманово;
4. Доњета Весели – Портпарол во секторот за Тетово;
5. Мерлина Ислами – портпарол во охридскиот сектор;
6. Шпреса Амеди – портпарол во битолскиот сектор;
Им изразуваме почит на албанските жени и се поклонуваме на сите оние кои придонесоа за институционализација на Охридскиот договор во уставно-политичкиот систем на Македонија.“

Коронавирус