понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 151
home Вести

Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ 41

Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ 41

Доколку резултатите на овие избори се пресликаат во пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која ќе треба да прави ново мнозинство во Собранието и нова Влада, изјави на прес конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Според него првичните анализи покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе освои 53 пратенички мандати, а СДСМ 12 пратенички мандати помалку, или само 41 пратенички мандат, додека Беса и Алијансата и ДУИ по 13 пратенички мандати.

Јанушев повтори дека ВМРО-ДПМНЕ победиле во 47 општини:

„За нас довербата од граѓаните е обврска, а новата реалност е дека ВМРО-ДПМНЕ, и коалицијата која ВМРО-ДПМНЕ ја направи со народот победи во 47 општини. Фактите говорат дека на минатите локални избори, победивме во само 5, а вчера по нешто повеќе од една година во 47 општини.“

Најнови вести

Коронавирус