вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 201
home Вести

Со политичари вмешани во скандали и криминал, СДСМ бара гласови на претстојните избори

Со политичари вмешани во скандали и криминал, СДСМ бара гласови на претстојните избори

СДСМ ги објави кандидатите за пратеници на листите со кои партијата ќе настапи на претстојните парламентарни избори.

Стари кадри, истрошени политичари, имиња за кои се врзуваат бројни скандали. Листите на СДСМ се полни со политичари на кои граѓаните не им веруваат бидејќи беа сведоци на нивна вмешаност во криминал од секаков вид.

Изборната единица 4 ќе ја предводи екс-премиерот Зоран Заев. Човекот кој на македонската политичка сцена ќе биде запаметен како политичар кој нанесе непоправливи штети на државата и народот. Името и презимето на претседателот на СДСМ се споменуваат во најголем дел од скандалите кои ја разбрануваат македонската јавност, неговата поврзаност со криминалци е топ тема долго време.

Бидејќи е речиси невозможно да ги споменеме сите, потсетуваме на дел од последните скандали во кои е лично вмешан поранешниот премиер.

ЗОРАН ЗАЕВ ВМЕШАН И ВО МЕЃУНАРОДЕН КРИМИНАЛ

„Нема ден, а Заев да не се поврзе во нов скандал за криминал и корупција. Корупцијата на Заев се почесто ги надминува границите на Република Македонија. Како што објавија медиумите од соседството, Зоран Заев имал тајни средби со контроверзен бизнисмен од Либија за јавно приватно партнерство во областа на здравството, со што милиони евра народни пари би биле ставени во функција на сомнителен бизнис. Самиот факт што средбата била тајна, доволно говори дека требало да се договори нешто во интерес на Заев. Така беше и за необјавената средба со Биг Мајк по која следеше скандалозниот предлог закон за опојни дроги, така е и со оваа средба со либискиот бизнисмен Шаукар Али Гафур“. Ова меѓудругото на почетокот од минатиот месец на прес-конференција го изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев истакна дека „зад оваа бизнис врска со Заев стои и поранешниот премиер на Малта, Јозеф Мускат, кој замина од власт поради контроверзиите со убиството на новинарка на Малта. Овој бизнисмен е познат по своите оф-шор компании и ист ваков неуспешен обид за јавно приватно партнерство имал и во Малта, за што постојат сомнежи за корупциски договори и перење пари поврзани со истиот овој либиски бизнисмен со неговите сомнителни инвестиции“.

 

ЗАЕВ БАРАЛ ЕДНО ЕВРО ЗА ВИЦЕТО ОД СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОР: Инвеститорот не го прифатил непристојниот предлог, па наместо во Струмица инвестирал во Кочани

Говорејќи на темата привлекување на странски инвестиции во државата, минатата година портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја потсети јавноста на скандалот и видео снимката на која Зоран Заев бара мито од 200.000 евра од струмички бизнисмен.

-Пред неколку години доаѓаат инвеститори од странство, не би откривал која компанија е, за волја на вистината одат да преговараат, им се допаднала некоја парцела, површина во вашата општина Струмица каде што беше градоначалник Зоран Заев. После само неколку денови истата таа компанија одлучува да оди да инвестира во Кочани. Зошто?; Сакате да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ го тераше Зоран Заев да се заканува на инвеститор кој што доаѓа да инвестира кај него и вика ќе донесеш едно евро за Вицето, едно евро за црквата. Тоа ли е принципот за привлекување на странски инвестиции? – запраша Арсовски минатата година.

Заев и Анѓушев дел од криминал вреден 200 милиони евра – заедно со Руси!

Преку 200 милиони изнесува штетата од лажниот стечај на електраната „ТЕ-ТО“ и со истата освен што е оштетена „Топлификација“, оштетен е и државниот буџет – покажува истражувањето на „Економски Лидер“.

Во целиот дил, очигледно се вмешани премиерот Зоран Заев но и вице-премиерот Кочо Анѓушев, кои заедно со дел од судската власт по се изгледа соработуваат со руската офшор фирма „Битер-Холдинг Лимитед“ која предизвика лажен стечај на ТЕ-ТО – поради што беше поднесена кривична пријава од финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Имено, Финансиска Полиција го сомничи директорот на фирмата Вадим Михајлов (инаку руски државјанин) кој во моментов е во бегство, дека го предизвикал лажниот стечај на ТЕ-ТО и со тоа ги оштетил акционерите на Топлификација за повеќе од 30 милиони евра.

„Лидер“: ТЕ-ТО ВО ЕДЕН ДЕН ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ И СЕ РЕСТАРТИРАШЕ!

Оваа фамозна електрана е основана од македонската компанија „Топлификација“ во партнерство со „Битер-Холдинг“ од Кипар каде што сопственик е рускиот олигарх Леонид Лебедев. Во 2018, таа е прва на листата по остварена добивка од дури 120 милиони евра, но симптоматично, во истата година најпрофитната компанија во државава отиде во стечај.

Имено, на 14 јуни 2018, во еден ден од судот беше прогласен стечај но и беше изгласан планот за реорганизација на компанијата со кој беше отпишан долгот од 28 милиони евра до „Топлификација“ што всушност се парите со кои е основана фирмата.

Топлификација е акционерско друштво и со ова практично се оштетени инвеститероите кои купиле акции.

Стечајот се случи поради тоа што руските газди преку перење на пари извлекле 150 милиони евра (за што докази ќе објавиме во вториот дел од нашето истражување), државниот буџет е оштетен за 20 милиони евра со простувањето на данок од страна на владата а акционерите на „Топлификација“ се оштетени за 28 милиони евра, со тоа што судот ги прости долговите на ТЕ-ТО кон оваа компанија.

КАКО Е ВМЕШАН ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ?

И покрај тоа што очигледно станува збор за лажен стечај, премиерот Зоран Заев одлучи да потпише одлука со која ќе додели државна помош за компанијата ТЕ-ТО.

Ова не е помош туку практично е опростување на данокот на добивка кон УЈП на ТЕ-ТО кој заедно со аконтациите изнесува преку20 милиони евра.

Симптоматично е што владата додели ваква помош на компанија за која кривична пријава има поднесено Финансиска Полиција.

Во прилог, одлуката на владата од 160 седница одржана на 22 октомври 2019:

По зетот, Заев му даде лиценца за марихуана и на шверцерот Боро!

Скандалот “Канабис – милионите на Заев” го достигна врвот. ВМРО-ДПМНЕ објави нов скандал во врска со фирма која добила концесија за одгледување марихуана.

-Фирмата ЦМД Медплант од с. Борисово, Ново Село, е фирмата која добила лиценца, а чиј сопственик е Перо Стојчев, син на поранешниот осуден градоначалник од СДСМ Боро Стојчев. Замислете, Владата на Заев издала лиценца на фирма на синот на осудениот градоначалник од СДСМ за шверц на цигари, Боро Стојчев. Неспојлива и несфатлива е поврзаноста помеѓу семејството Стојчеви и медицината. Што ли треба да очекуваме од оваа фирма? Дали Зоран Заев навистина доделил лиценца на синот на осудениот за шверц градоначалник на СДСМ од Ново Село Боро Стојчев? Ако видовме дека шверцот на цигари е семеен бизнис на градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев, дали ова значи дека нареден семеен бизнис на Стојчеви е шверцот на марихуана? Која е цената на оваа издадена лиценца? Дали оваа лиценца е издадена во замена за укинатиот семеен бизнис со шверц на цигари од претходно – обелодени денес Ружица Николовска.

Таа вели дека ова е можеби и врвот на скандалот “Канабис – милионите на Заев”, скандал пред кој не смеат да замижат ниту јавноста, ниту институциите.

-За ова одговорност мора да има. Зоран Заев очаен пред падот на својата власт, доделува лиценци на кого стигне, меѓу кои и на син на осуден градоначалник за шверц на цигари. Следува Обнова на Македонија после 12 април и следува одговорност за сето ова што го прави Владата на Заев,  посочи таа на 30.01.2020.

Втор на листата во изборна единица 4 е Миле Талески. Неговото име јавноста го слушна кога дозна за скандалот и притисоците кои ги прави во Прилеп.

Од ВМРО-ДПМНЕ објавија аудио снимка, која што е пуштена на Интернет, на која се слушаат гласовите на Миле Талевски, претседател Општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски. Снимката е од состанокот на ново вработените во прилепската болница.

Тие директно им кажуваат и даваат задачи дека сите ново вработени со надомест за работното место, мора да истрчаат за партијата на изборите, образложи Николов.

На снимката се слуша како граѓаните се принудувани да гласаат за Стево Пендаровски, со притисоци од страна на администрацијата.

Следува Панчо Минов. И неговото име се поврзува со скандали, наместо со работа.  Си го вработи синот во буџетска канцеларија во Собранието, непосредно пред гласањето за усвојување на Законот за јавно обвинителство.

За ваквата информација од Република побарале потврда од претеникот од ГРОМ, Минов.

-Да, вработен е преку фондација. Мојот син нели треба да се вработи некаде, рекол Минов, негодувајќи што, како што кажа, му поставувале приватни прашања.

Не се знае дали е дел од пакет понудата за да гласа за законот за обвинителство.  Минов одбегна да каже од кога неговиот син го добил работното место.

-Вработен е, ајде чао, рече Минов.

Што друго добил Минов за гласањето во Собрание, допрва ќе се дознае.

На листата на Заев го прати и партискиот портпарол Коста Костадинов. Во низата скандали се издвојува непотизмот.

Според информациите кои излегоа во јавноста, портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Костадин Костадинов ја вработил мајка му Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица.

Според, ВМРО-ДПМНЕ, медиумите објавиле дека за огласот на кој е вработена неговата мајка Фенија Костадинова, платата  е 25.000 денари, а како услови за аплицирање се наведува завршено средно образование без потреба од претходно работно искуство.

„Дали пред време се знаело дека мајката на портпаролот Костадин Костадинов ќе биде вработена во институцијата и затоа се бара исполнување на само два основни услови? Дали мајката на Костадинов e најмладиот и најперспективниот кадар со средно образование во Струмица и околината?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Изборната единица 2 ја предводи Оливер Спасовски, техничкиот премиер и екс-министер за внатрешни работи.

Вклучен е во бројни скандали за кои медиумите редовно известуваат, а во продолжение потсетуваме само на дел од нив:

МЕГА СКАНДАЛ ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Вака МВР го заташкало тепањето од Курто Дудуш

Ексклузивни документи од МВР пристигнаа до редакцијата на “Економски Лидер” на кои се прикажува како министерството го прикривало тепањето на лицето Сенат Јашар од страна на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

До редакцијата на Лидер свиркачи ја достави пријавата која Јашар ја направил на 01.05.2018, во која објаснува дека бил тепан од градоначалникот Курто Дудуш.

Неговиот исказ бил заведен како “Пријава” а истиот го потпишал полицискиот службеник Панџаковски Даме.

Но, подоцна, истата пријава, била заведена како “Поплака”, форма по која МВР има можност да не реагира. Неа ја потпишал, полицискиот службеник,  Волковски Љупчо.

Ова е класично заташкување на случајот на насилство врз лицето Курто Дудуш од страна на МВР и началникот на П.С. Чаир, Коменовиќ Сашко.

Како што пишуваа медиумите, на местото Началник на Регионалниот Центар Север во рамки на Гранична Полиција Спасовски го поставил својот братучед Бобан Димитровски од Куманово. Смената е направена заедно со Командирот на граничен премин Аеродром Скопје.

Овие две најодоговорни позиции од граничното управување кои се однесуваат на најневралгичната гранична линија, онаа со Косово, и аеродромот Скопје со над милион патници годишно се сега под комплетна фамилијарна контрола на Спасовски. Она што за него беше „фамилија“ и „режим“ додека уништуваа фасади за време на „Шарената Револуција“ сега е само лицемерие и двојни стандарди.

СЕКС СКАНДАЛ ВО МВР: Оливер Спасовски се обидел да сокрие сексуално злоставување на кадетки од страна на инструктор близок до Нухиу?

Со цел да го прикрие скандалот во Центарот, Оливер Спасовски ги сменил сите инструктори кои доаѓаат од посебните единици поради сексуално вознемиривање и уценување на две кадетки кои се на обука за полицаец од страна на инструктор близок до заменик министерот Агим Нухиу, пишува Инфомакс.

Бидејќи целата работа брзо излегла надвор од контрола поради упорноста и достоинството на една од кандидатките Оливер немал избор освен да го смени целиот состав на инструтори бидејќи заменикот министер не се согласувал неговиот близок партиски соработник да биде отстранет од инструкторското место, пишуваше порталот.

Оливер Спасовски-непоколеблив пријател на криминалот

Курир објави збирна вест за криминалите во кои е вклучен екс-министерот од МВР. Истата можете да ја прочитате ТУКА.

Итна набавка завршила кај партиски донатор

Партиите, бизнисот и тендерите речиси три децении го сочинуваат фамозниот Бермудски триаголник на македонската политичка сцена низ чија средина, во вителот од конфликти на интереси, парите на граѓаните тонеа кај привилегирани поединци и фирми, пишуваше Призма.

Мухамед Зекири исто така е на ИЕ2. Еве по што е познат во јавноста потпретседателот на СДСМ.

Шек Халачи од „Кумановската група преку својот Фејсбук профил го прашува директно пратеникот Мухамед Зекири дали е замолчен поради парите „рекет“ на Сулејман Реџепи?

-Дали е вистина дека после втората средба со посредникот се согласивте да извршите „Рекет“ и, од тогаш, веќе да не го спомнувате името на Сулејман Реџепи? Колку му зедовте? Како ги поделивте со посредникот? Колку и дадовте на „правдата“ да го затворите во фиока досието на Сулејман Реџепи што вие му го создадовте како и за да замрзнете десетици тужби против него?Се сеќавате на оправданите сомневања и неоспорливите обвинувања на пратеникот на СДСМ, Мухамет Зекири, кои ги упатуваше на адреса на Сулејман Реџепи, алијас „Жарко“? Го прашуваше неговиот премиер, Зоран Заев, дали Сулејман Реџепи е „заштитената мечка на државата“!

Пратеникот кој зборува албански јазик, охрабрен од неколкугодишната кампања што го разоткрива целиот криминалитет на Сулејман Реџепи, се мотивира и јавно, неколку пати во Собранието на Северна Македонија, постави прашања за да ја расветли вистината за фотографијата на која што се гледа Мула Сула со автоматски снајпер во рака, потоа за продажбата на визи за Хаџилак, потоа крадење на светите места, злоупотреба на службената положба со неплаќање придонеси на Оџите, злоупотреба на финансиите на ИВЗ, прашања што би го расветлиле криминалот на Сулејман Реџепи. За оваа цел, пратеникот што зборува албански јазик побара во ИВЗ да влезе финансова полиција за да се утврди фактичката состојба што зборува за екстремна криминализираност на ИВЗ.

Конечно, Мухамет Зекири се обрати и до Обвинителството!Оваа реакција на пратеникот кој зборува албански јазик, многу го загрижи Сулејман Реџепи, додека нас, кумановската група, овде во затвор, нè охрабри премногу да констатираме дека овој Курбан Бајрам ќе биде последниот што ќе го најде Сулејман Реџепи во ИВЗ ! Сепак, од неодамна, овде во затворот, кружат некои лоши информации, така што не им веруваме многу, но тоа не значи дека, за да расчистиме некои дилеми немаме право да го прашаме пратеникот што зборува албански јазик Мухамет Зекири: Дали е вистина дека, два месеци пред да избувне аферата „Рекет“ на Боки 13, двапати сте се сретнале и сте пиеле кафе во „Корнер“ со посредник на Сулејман Реџепи, за кого никогаш не зборувавте добри зборови , па затоа не сте ни помислиле дека некогаш ќе пиеш кафе со него? Дали е вистина дека оваа средба беше прифатена, откако ти беа ветени еден грст пари од Сулејман Реџепи со цел да не го спомнуваш неговото име во Собранието и да ја повлечеш твојата тужба во Обвинителството? Дали е вистина дека по втората средба со посредникот се согласивте да го извршите „Рекетот“ и, од тогаш, веќе да не го фаќате во уста името на Сулејман Реџепи? Колку му зедовте? Како ги поделивте со посредникот? Колку и дадовте на „правдата“ да го затворите во фиока досието на Сулејман Реџепи што вие му го создадовте? Пратеникот кој зборува албански јазик, Мухамет Зекири, на посредникот на Мула Сула му вети и уште „едно нешто“ кое треба да го реализира до крајот на оваа година! Покрај ова, на посредникот му ветил и остварување на сценариото на Сулејман Реџепи! Да најде „курбан“ кој ќе ја игра играта ако треба дури и со „колење на курбанот“! Дали е вистина дека Мухамет Зекири му ветил на Сулејман Реџепи целосна реализација на неговиот гаден план: наоѓајќи му некој кој би се жртвувал со неколку години затвор, (некојси Скендер Бузаку, тотално анонимен), за да го спаси Сулејман Реџепи моментално од судските процеси кои што требаше да започнат и кои му се закануваа со затвор на Сулејман Реџепи за изнуда, кражба, узурпација, злоупотреба на службената должност, непотизам, корупција и сл.

Планот на Сулејман Реџепи е да го компромитира судот во неговиот случај, и секој кој што ќе цели кон функцијата „реис“ ќе заврши во затвор, и така ќе се исполни визијата на Мула Сула: „Вечен реис “- обесхрабрувајќи ја неговата моќна опозиција! Дали е вистина дека Мухамет Зекири бил излажан од страна на Сулејман Реџепи во врска со целосната исплата на рекетот (харачот) и, како последица, многу се изнервирал, заканувајќи се дека ќе го смени со силата на релевантните државни институции? Можеби, пратениците што зборуваат  Албанци, никогаш не биле заинтересирани да го расветлат случајот на ликвидација на вистинските патриоти, туку секогаш се ангажирале за да се амнестираат и да се прогласат за „национални херои“ кодошите и криминалците! Мухамет Зекири има уште една шанса за да нè убеди дека е „добар дечко“: итно да побара, во име на институцијата „албански пратеник“, да започнат сите судски процеси кои во моментот се „замрзнати“ а се против Сулејман Реџепи и што е можно побрзо тој да биде донесен тука кај нас во затвор и да ни каже како разговарал со нас и како ние сме му ветиле дека ќе ги убиеме неговите непријатели ?! Тој јавно ја изјави оваа реченица! Ќе ни биде мило да ни ја каже и в’очи! Поздрав Муки!

Слава им на мачениците на нацијата, да живее албанскиот народ, вековита да ни биде Албанија, без кодоши и предавници. од Шек Халачи од „Кумановската група“, стои во неговиот пост на Фејбсук.

Минатата година, луѓе вработени во агенцијата за разузнвање по препорака на Муслуиу, заедно со Мухамед Зекири од СДСМ беа на посета на гробовите на загинатите терористи од Косово во Диво Насеље, каде се сретнаа и со локалните власти. Според информациите имале и средби со безбедносните структури на Косово. Што точно се зборувало се уште е непознато.

СДСМ бара доверба и за Славјанка Петровска

Началникот на СВР Скопје, Ристе Ставревски, во изјава за Курир вели дека поради политички мотиви нема да дозволи да биде злоупотребено неговото име. За овој случај беше вклучена токму Славјанка.

-Во последниот период поради политички мотиви во јавноста има постојани напади на мојата чест и углед. Јас тоа нема да го дозволам. Како повеќегодишен припадник на Министерството за внатрешни работи во кое мојата углед и чест досега не биле нарушени, како човек без ниту една истрага против мене, без ниту еден постапка пред јавното обвинителство и како човек без ниту една пропишана казна и санкција за досегашната работа во службата, припадник на МВР кој поседува безбедносен сертификат со повеќе награди и признанија за успешна работа нема да дозволам моето име да биде злоупотребено во политички манипулации, вели Ставревски.

Тој додава дека на секоја лага ќе одговори со вистина и нема да дозволи да се валка и честа на неговите соработници и службата и Министерството во кое работи, но и дека ќе поднесе тужба против дополнителната заменик министерка во МВР, Славјанка Петровска.

-Ќе е бидам приморан поради неосновани клевети да покренам приватна тужба кон изворите на таквото манипулирање доколку истите тие не се извинат во законски пропишаниот рок, вели Ставревски во изјава за Курир.

Фирма шверцер на кокаин добива државни тендери, а Славјанка ја минира акцијата

Власта на Заев и криминалот се во коалиција, а последна потврда за тоа е информацијата дека лицата кои шверцувале кокаин од Мексико добивале и државни тендер, истакна пред неколку дена Орце Ѓорѓиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Видовме од медиумите дека има сомнеж за дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска дека директно брифирала по медиуми за текот на акцијата на МВР со што ги довела животите на полицајците под ризик. Значи имаме компанија шверцер на кокаин која добивала државни тендери, и Славјанка, заменик министер за МВР која брифира информации со кој што ја загрозува акцијата, потенцираше Ѓорѓиевски.

Потсети дека фирмата „Банекс Компании“ од Крушопек, чија дејност била увоз на овошје, завчера беше откриена дека заедно со пратките банани пренесувала и кокаин.

-Но, истата таа фирма на 31 декември 2018 година на јавен тендер продала возило на Јавното комунално претпријатие Тетово во износ од милион и пол денари. Тоа е време кога Зоран Заев е премиер, Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, а Теута Арифи градоначалник на Тетово како кандидат поддржан од СДСМ. Скандал до скандал, рече на денешната прес-конференција Ѓорѓиевски и праша кој ќе сноси одговорност сега?

 

Коронавирус