сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 94
home Вести

Со пари од Чешка, МВР без тендер набави 45 автомобили од фирма донатор на СДСМ

Полицијата ја прифатила чешката донацијата во јуни 2017, договорот со „Делукс-ауто“ паднал при крајот на септември, додека министерот Оливер Спасовски и чешкиот амбасадор Мирослав Томан ги промовираа новите возила во декември.
Со пари од Чешка, МВР без тендер набави 45 автомобили од фирма донатор на СДСМ

Со донирани милион евра од Република Чешка, македонското МВР лани без тендер купило 45 автомобили „Шкода“ од фирма која што била донатор на владејачката СДСМ во 2016 година пишува БИРН.

Чешка ваквата донација ја има доделено на македонското МВР како помош се со цел полесно справување со бранот на бегалци од Сирија и Ирак. Фирмата која е добитник на овој голем тендер е “Делукс-ауто“ од Куманово која е блиска до СДСМ, а тоа се гледа не само по добиениот тендер од МВР, туку и низа на добиени тендери од општините кои се под власт на СДСМ.

Да биде сомнежот поголем, при оваа набавка не е објавен јавен тендер што како законска можност секогаш му стои на министерството, но ваквите набавки се користат само во одредени случаи.

Сомнежот во овој случај е поголем зошто станува збор за фирма донатор на СДСМ па оттука се поставува прашањето дали е во игра враќање на некаква услуга од страна на СДСМ?

Полицијата ја прифатила чешката донацијата во јуни 2017, договорот со „Делукс-ауто“ паднал при крајот на септември, додека министерот Оливер Спасовски и чешкиот амбасадор Мирослав Томан ги промовираа новите возила во декември.

На ваквата матна зделка реагираше ВМРО-ДПМНЕ уште на 3-ти ноември, но одговори од СДСМ и од сопственикот на фирмата никогаш не беа дадени во јавноста.

– Фирмата „Делукс“ од Куманово, која е донатор на партијата, благодарение на одлуката на потпретседателот Оливер Спасовски, ќе добие ни помалку ни повеќе, туку еден милион евра, пари кои се донација за МВР од Чешката влада. СДСМ целосно нетранспарентно ја води владата на Република Македонија, трошејќи ги парите на граѓаните во зделки каде како профитабилна страна се јавуваат фирми донатори на партијата. МВР под водство на Оливер Спасовски, додели јавна набавка на полициски возила во висина од милион евра без да распише тендер, со непосредна спогодба, на фирмата донатор на СДСМ. Сопственикот на оваа фирма е во блиски релации со врвот на партијата и тоа е јавна тајна, рече тогаш Александар Нацев.

 

Од податоците што ги објави БИРН, покрај „Делукс-ауто“, покана за преговарање добиле уште три компании што продаваат возила, тоа се овластените увозници на „Мерцедес“ – „МакАутостар“, „Бе-ем-ве“ – „Маккар“ и „Порше Македонија“, која меѓу другото е овластен увозник на „Шкода“, од каде што „Делукс-ауто“ и ги набавува возилата што ги продава. Она што е чудно во целата оваа ситуација е што дилерот во овој случај “Делукс-ауто“ понудил далеку поевтина цена од овластениот увозник “Порше Македонија“

Инаку ова не е прв пат да се појавува оваа фирма и нејзиниот сопственик Бобан Спасовски. Најголемите тендери што ги имаат добиено се од општина Куманово со која раководи СДСМ и која случајно или не е родното место на министерот Оливер Спасовски.

Според електронскиот систем на јавни набавки доволно е да се пребара “Делукс-ауто“ и може да се забележи дека добиле тендери од општина Куманово поточно од ЈП “Чистота и зеленило“ во вредност од над 6 милиони денари за набавка на резервни делови и поправка на патнички моторни возила.

Она што е симптоматично е што општина Куманово ја има избрано фирмата која е во сопственост на сопругата на Бобан Спасовски „Делукс Турс ДОО“ за превоз на ученици со посебни потреби, но оваа фирма се јавува и како превозник на учениците од скопските училишта Владо Тасевски и на Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Коронавирус