сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 58
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Со оро, песна и микрофон: Еве како градоначалникот на Куманово, директорите ЈП и активистите се грижат за проблемите на кумановци

Со оро, песна и микрофон: Еве како градоначалникот на Куманово, директорите ЈП и активистите се грижат за проблемите на кумановци

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели видео од градоначалникот на Куманово, дел од директорите на ЈП и заслужните активисти на СДСМ кој со музика и песна се грижат за проблемите на кумановци.

-Еве како градоначалникот на Куманово, дел од директорите на ЈП и „заслужните“ активисти на СДСМ се грижат за проблемите на кумановци!

Додека вие, драги мои кумановци, „скенирате фискални сметки“ и се „радувате на укинувањето на РТД“, тие се „живи насекирани“ за „есента по сокаците“ и „паднатото лисје на сите страни“…

Додека вие, драги мои кумановци, ја газите калта по неасфалтираните улици и се мачите во 21-от век со комунални проблеми, знајте дека „предодредената да владее“ кумановска елита, „скромно“ тагува, нарачувајќи тешки љубовно лирични песни…

Куманово систематски се уништува 30 години. Директен виновник за тоа е СДСМ!

На Куманово му е нужно потреба обнова!!!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус