недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Со новиот закон за ЈО Заев сам се спаси

Со новиот закон за ЈО Заев сам се спаси

Таканаречените Независни пратеници  кои гласаа за уставните измени со кои се промени и уставното име на земјава, повторно пресудија.

Тие се оние кои кажаа ДА и за новиот закон за ЈО за кој експертите сметаат дека не е добар за државата.

Повторно, од досега јасни причини, одат спротивно на волјата на граѓаните, на државниот интерес и спротивно на експертското мислење, носејќи закон со кој СДСМ и Зоран Заев сакаат да се спасат од одговорност.

Тие се договориле со бившиот премиер Заев бомбите да не важат. Според нив договорено е:

-Јавното обвинителство повеќе не може да заснова обвинение врз основа на незаконски прислушкувани материјали
-Согласно забелешките на сите присутни експерти на јавната расправа во однос на преносот на надлежностите од СЈО во ОЈО, а во духот на времениот карактер за кој СЈО беше формирано, предложивме преземање на предметите од јавните обвинителства согласно надлежностите утврдени со овој закон
-Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи
– Предложивме уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон

Најнови вести

Коронавирус