недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Со негативен тест, дел од граѓаните се уште на листа на позитивни на КОВИД-19

Со негативен тест, дел од граѓаните се уште на листа на позитивни на КОВИД-19

Ситуацијата со КОВИД-19 во државата од ден на ден е се поалармантна. Граѓаните секојдневно се сведоци како власта е неспобноста да се справи со целата ситуација. До нашата редакција стасаа информации каде граѓани кои биле заразени од вирусот и по завршувањето на периодот на изолација сеуште не се избришани од системот на позитивни лица на КОВИД-19.

-Моето решение за изолација беше за 21 ден и завршуваше на 23 ноември. Се слушнав со матичната докторка за да ја прашам дали може да излезам од својот дом и да одам на работа и таа ми рече дека иако решението ми завршува на 23 ноември не можам да излезам се додека не бидам избришана од системот. Потоа се јавив во Центар за јавно здравје за да прашам како оди целата процедура и кога ќе бидам избришана од листата на позитивни и ми рекоа кога ќе дојдам на ред тогаш, зошто не сум била само јас која чекам да бидам избришана од системот, ни раскажа лице кое бил позитивен на КОВИД-19.

Истото ова лице ни посочи дека поради неажурноста на Центар за јавноста уште не може да излезе од дома, да оди на работа или да направи било какво испитување зошто сеуште се води како позитивна на вирусот.

Ова е само уште ден случај од многуте кој докажува дека власта и министерството за здравство предводена од Филипче се неспособни со справување на целата ситуација со КОВИД-19, а таа нивна неспобност ја плаќа обичниот народ.

Коронавирус