среда, 25. мај 2022. Вести денес: 166
home Вести

Со навреди и понижување не се разговара ни со животни: Однесувањето на Џафери ја отслукува реалноста на властодршците во Македонија

Со навреди и понижување не се разговара ни со животни: Однесувањето на Џафери ја отслукува реалноста на властодршците во Македонија

Срамно и крајно понижувачко однесување на собранискиот спикер Талат Џафери кон собраниското обезбедување.

Имено во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се појави снимка на која се слуша гласто на спикерот Талат Џафери како со навредливи и крајно понижувчки зборови на висок тон се обраќа некому.

Според пишувањата на медиумите, тој ваквите зборови ги упатува кон собраниското обезбедување.

Деновиве во собранието владее крајно напната ситуација, опозицијата со активен бојкот пробува да дојде до предвремени парламентарни избори, а тоа како да ги вознемирува властите.

По се излгеда ваквото однесување на Џафери дава слика дека ДУИ е крајно вознемирен од ваквата ситуација, а денес тоа го покажа и актуелниот премиер Ковечевски.

Тој вчерашната снимка во која се слуша гласот на Џафери ја искоментира многу кратко:

-Таму не се гледа кој со кого зборува, рече Ковачевски.

Вчерашната аудио снимка и денешната изјава на Ковачевски најдобро го отслукува стравот на власта од предвремени избори, но и ја отслукува реалната слика за држава денес.

ПС: Со навреди и понижување не се разговара ни со животните, а не со луѓе кои се задолжени за твоја безбедност

Коронавирус