петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 183
home Вести

Со коронавирус се заразиле 189.551 македонски граѓани, 6.577 починаа – еве каква е состојбата во секој град

Со коронавирус се заразиле 189.551 македонски граѓани, 6.577 починаа – еве каква е состојбата во секој град

Министерството за здравство вчера информираше, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на КОВИД-19:

Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (98г, 82г, 79г, 79г, 79г, 74г, 69г и 69г), 2 починати лица од Кочани (89г и 82г) и по едно починато лице од Гостивар (80г), Тетово (46г), Велес (78г), Радовиш (68г), Штип (66г), Битола (86г) и Валандово (85г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 лица, со датум на смрт во период од 12.09.2021 до 22.09.2021 година. Овие починати лица се: 2 од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67-93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 2 лица се починати во домашни услови.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.274.003 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 82360, Активни 5689

Куманово 11230, Активни 967

Тетово 10792, Активни 945

Прилеп 8989, Активни 304

Гостивар 7947, Активни 490

Битола 7030, Активни 284

Велес 6130, Активни 312

Охрид 5891, Активни 502

Кавадарци 5829, Активни 222

Струмица 5672, Активни 310

Штип 5647, Активни 250

Кичево 3931, Активни 417

Струга 3773, Активни 364

Кочани 3195, Активни 139

Гевгелија 2389, Активни 85

Неготино 2305, Активни 41

Свети Николе 1862, Активни 111

Ресен 1527, Активни 102

Радовиш 1500, Активни 101

Дебар 1446, Активни 123

Крива Паланка 1395, Активни 85

Берово 1206, Активни 33

Делчево 1115, Активни 68

Виница 1020, Активни 52

Пробиштип 907, Активни 46

Валандово 806, Активни 37

Богданци 544, Активни 11

Кратово 549, Активни 57

Крушево 518, Активни 14

Македонски Брод 463, Активни 28

Демир Хисар 431, Активни 19

Демир Капија 409, Активни 7

Пехчево 310, Активни 5

Македонска Каменица 294, Активни 19

Дојран 139, Активни 1

Вакцинацијата се одвива непречено, целосно имунизирани над 714 илјади граѓани. Заклучно со завчера вакцинирани се 781 623 граѓани, а ревакцинирани 714 135, односно аплицирани се вкупно 1 495 762 дози. Прва доза вакцина завчера примиле 1717 , а вкупно се вакцинирале 6897 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години.

Министерството потсетува дека за вакцинирање на пунктовите не е потребно закажан термин, а децата од 12 до 18 години се вакцинираат со согласност од родител.

-Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход, информира Министерството за здравство.

Најнови вести

Коронавирус