недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Со коронавирус досега се заразиле 11.202 граѓани, а починаа 505 лица: Колку активни случаи има и од кои градови се заразените?

Со коронавирус досега се заразиле 11.202 граѓани, а починаа 505 лица: Колку активни случаи има и од кои градови се заразените?

Министерството за здравство вчера информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1.

Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-1.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (52г.), два пациенти од Куманово (55 и 82г.), пациент од Гостивар (62г.) и пациент од Охрид (64г.) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4946, активни 1342

• Куманово 1094, активни 255

• Дебар 206, активни 117

• Штип 876, активни 434

• Прилеп 333, активни 51

• Тетово 1064, активни 222

• Струга 458, активни 176

• Велес 225, активни 21

• Битола 143, активни 63

• Охрид 275, активни 68

• Кавадарци 81, активни 61

• Гостивар 495, активни 287

• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 38, активни 22

• Крива Паланка 25, активни 11

• Радовиш 29, активни 16

• Крушево 16, активни 8

• Кочани 106, активни 24

• Пробиштип 57, активни 22

• Демир Хисар 34, активни 27

• Македонски Брод 37, активни 31

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 8, активни 4

• Валандово 6, активни 0

• Виница 23, активни 19

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 7

• Свети Николе 228, активни 142

• Кичево 177, активни 109

• Ресен 146, активни 26

• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-466, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-56, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-169, Систина со PCR метода -115, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-7, ГАК-5.

Досега во земјата се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 6 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 89 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 167

• Аеродром – 152

• Бутел – 87

• Гази Баба – 133

• Центар – 110

• Карпош – 112

• Сарај – 62

• Кисела Вода – 153

• Ѓорче Петров – 93

• Студеничани – 47

• Шуто Оризари – 112

• Арачиново – 26

• Илинден – 23

• Петровец – 16

• Чучер Сандево – 8

• Сопиште – 21

• Зелениково- 7

• Странец – 5

• Нераспределен- 8

Коронавирус