вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 199
home Вести

Со хебла се обидел да ја искрши таблата за електрична енергија од модуларната болница во Прилеп – внатре биле хоспитализирани 17 пациенти!

Со хебла се обидел да ја искрши таблата за електрична енергија од модуларната болница во Прилеп – внатре биле хоспитализирани 17 пациенти!

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница. Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.

Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата. Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите.

Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот.

Локални избори 2021