вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Со Филипче, Македонија е најлоша меѓу најлошите – на врвот по смртност од КОВИД-19

Со Филипче, Македонија е најлоша меѓу најлошите – на врвот по смртност од КОВИД-19

Министерот за здравство, Венко Филипче со паролата „се е под контрола“ ја искачи Македонија на врвот во светот по смртност од КОВИД-19. Според светските статистики ако продолжи Македонија со ова темпо може да биде најлоша и од најлошите земји.

Со пасивноста на министерот и со непреземање на соодветни рестриктивни мерки како што налагаат експертите во Македонија може да се случи црно сценарио.

На дијаграмот се дадени моменталните седумдневни просеци на дневниот број на починати на милион жители од 13-те земји со најголем кумулативен број на починати од почетокот на епидемијата до денес, исто така на милион жители. Македонија е најлоша и од најлошите во светот.

Граѓаните алармираат дека е потребен полициски час за да се запре ширењето на епидемијата, но министерот Венко Филипче изјави вчера дека потреба од полициски час нема и дека пикот е надминат.

„Полициски час по 21 часот навечер практично сметаме дека нема ништо да донесе“, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче при изјава за медиуми.

„За жал евидентен е порастот на смртни случаи и на глобално ниво и кај нас. Тоа што охрабрува е дека расте бројот на оздравени пациенти од домашно и болничко лекување“, дополни Венко Филипче.

Но бројките од светските статистики го демантираат министерот за здравство, Венко Филипче.

Според табелата ако се занемарат градовите – држави Андора и Сан Марино, моментален рејтинг на Македонија е на 11-тата позиција.

Во наредниве десетина дена можно е Македонија да ги надмине и Чиле, Мексико, Бразил и САД, земјите од каде до скоро пристигнуваа апокалиптички слики на масовно умирање и погребување.

Граѓаните стравуваат дека пасивноста на министерот и власта и нивното непреземање соодветни мерки за заштита од КОВИД-19 Македонија може да стане земја во топ-10, или уште пострашно на топ-5 листата според кумулативната смртност на милион жители.

Коронавирус