среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Со една нога на факултет, со друга во странство- 70 проценти од студентите сакаат да заминат од земјава

Со една нога на факултет, со друга во странство- 70 проценти од студентите сакаат да заминат од земјава

Каде се гледаат македонските бруцоши по завршување на факултетите? На првиот академски час дел од нив се изјаснија дека нивната иднина е токму тука, други пак сакаат да заминат од земјава. Велат тешко се доаѓа до работа платите се ниски и дококу имаат прилика среќата ќе ја бараат на друго место.

Годинава интересот е помал на општествените, а поголем за техничките науки. На ФИНКИ се запишале 1.100 лица, а на економски факултете , кој досега важеше за еден од најпосакуваните едвај 600. Деканите и ректорите со порака до нив да не с еплашат од предвизиците туку да се соочат со нив, а тие ќе направат се за да ги задржат тука затоа што се потребни.

И надлежните се свесни за големиот одлив на мозоци . Велат дека дури и од најплатените професии како ИТ секторот по заршувањето на студиите одлучуваат да заминат. Причината не ја гледаат само во платите туку во целокупното опкружување.

Според првичните бројки годинава на факултетите се запишани 11. 000 студенти од кои 7.000 на УКИМ. Сепак точната бројка ќе биде објавена кога ќе заврши третиот уписен рок на некој од факултетите.

Според анализата на Детектор објавена неодамна дури 70 отсто од студентите се изјасниле дека размислуваат да ја напуштат државата.

ИЗВОР: ТВ СИТЕЛ

Коронавирус