Жени поддржувачи на Заев и Пендаровски деновиве се “прославија“ на социјалните мрежи. На настани организирани од СДСМ, тие со емотивни и драматични говори им се обраќаат на лидерот на СДСМ и кандидатот за градоначалник од оваа партија.
Едната отиде во крајност и верувале или не, порача дека сака Пендаровски да и биде татко.
На трибината која СДСМ ја одржа во Прилеп, една од присутните го фалеше премиерот Зоран Заев и кандидатот Стево Пендаровски. Жената зборуваше за тоа колку е воодушевена од двајцата, колку е почестена што стои покрај нив, изразуваше задоволство и зборуваше во име на присутните. Таа во еден момент побара Пендаровски да биде нејзиниот татко, оти тој зборувал со срце и со душа.
-Во мојот живот, никогаш немав чест да затанам до премиери, претседатели. Ви благодарам премногу, од дното на душата. Немам татко, немам родител, посакувам Вие да бидете мојот иден татко, рече прилепчанката и доби огромен аплауз, но и прегратка од Заев и Пендаровски.
Другата, низ солзи го нарече Заев херој на мирот и љубовта.
Драмата продолжува, ЕЖЕЊЕ! pic.twitter.com/4kqBVl77Lt
— Мартиан (@MartianFromMKD) April 1, 2019
Но, не само на митинзите. Тие се фанови на овие политичари и во приватниот живот. Не се само нивни поддржувачи во политичка смисла, туку буквално ги доживуваат како херои.
Тоа може да се види и преку профилите на социјалните мрежи