вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Со чевли пред Владата протестираше против масовно иселување, денес плука по дијаспората

Со чевли пред Владата протестираше против масовно иселување, денес плука по дијаспората

Активистот Никола Писарев пред две години протестираше пред Владата против масовното иселување на граѓаните.

Тогаш повеќе од илјада чевли беа наредени пред Владата, симболично потсетувајќи ја власта на сите кои се иселија од Македонија, во потрага по подобар живот.

-За споредба, колку е страшна таа бројка, ќе ви кажам дека на Скопје во почетокот на 90 – тите години имаше 600 илјади жители, сега замислете, 20 години подоцна, Скопје е избришан од мапата на планетата земја, 600 илјади луѓе се избришани и какви последици тоа има за Македонија. Едни луѓе си заминаа, други дојдоа, внатрешноста се испразни. Стануваме држава на тажни пензионери, сега сите имаат блиски и познаваат некој што заминал во странство. Тоа е страшно, страшно е за иднината на земјата, затоа што отидоа многу образовани луѓе, во најдобрите години и најмногу можеа да придонесат за Македонија. Се повеќе ја гледаме таа безизлезност, Македонија е како некоја лоша кафеана во која секој, еден по еден, станува и вели – јас ќе си одам, вели Никола Писарев, активист.

Истиот активист кој тогаш жалеше за иселените лица кои се одлучиле на таков чекор, бидејќи немале друг избор, сега плука по нив, а по одржаните протести на македонската дијаспора за зачувување на името на Република Македонија.

Коронавирус