четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 133
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Со 8-те милиони евра потрошени за службени возила и оние 4.6 милиони за хонорари во СЈО, можеа да се набават 35.000 компјутери

Со 8-те милиони евра потрошени за службени возила и оние 4.6 милиони за хонорари во СЈО,  можеа да се набават 35.000 компјутери

Околу 40.000 деца немаат можност онлајн да ја следат наставата, а од Владата велат дека оваа година нема да се превземат мерки во оваа насока, додека истата потроши 8 милиони евра за службени возила.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска во нејзиното гостување во „Емисија 200“ на телевизија Алсат-М, на прашањето дали ќе се направат напори за да се обезбедат уреди за оние 40.000 ученици кои немаат компјутери и не се во можност за следат онлајн настава, одговори дека толкава бројка на уреди за толку кратко време не може да се набави.
„ИТ уредот, ако не е тоа телефон, не може да се набави во толкава бројка за толку краток период“, истакна Царовска.

Инаку ако се направи уште една проста математика, може да се заклучи дека со 8-те милиони евра потрошени од страна на владата за службени возила и оние 4.6 милиони евра дадени како хонорари во прочуеното СЈО, можеа да се набават околу 35 илјади компјутери од по 400 евра.

Тука е и последната набавка на Државниот завод за ревизија од 5.650 лаптопи и тоа по цена од околу 570 евра еден, која покажа дека ако се сака можело да се обезбедат. Според ова може да се заклучи дека децата не се приоритет на Владата. Доколку се подели вкупната сума наменета со бројот на лаптопи кои треба да се набават, може да се увиди дека само еден ваков лаптоп би чинел 570 евра, сума со која можат да се набават седум таблети од по 80 евра за деца кои немаат можност да ја следат наставата, бидејќи нивните родители немаат финансиски средства истите да им ги обезбедат.

Коронавирус