вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Со 1.7 милиони евра за Скопје може да се купат две возила со скали, а не едно како што направи Шилегов, ЈО да реагира“

„Со 1.7 милиони евра за Скопје може да се купат две возила со скали, а не едно како што направи Шилегов, ЈО да реагира“

Скопје пред се има потреба од домаќинско работење, така со 1.7 милиони евра ќе се купат две противпожарни возила со скали, а не едно. Патетични се објаснувањата и правдањата на мрзеливиот градски арамија Шилегов дека градот има потреба од противпожарно возило со скали, да има, ама не по цена двојно поскапа од таа која ја плаќа град Загреб за исто такво возило, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека потребата за нешто, не е оправдување за криминал и дека се е повеќе од очевидно.

– Возилото кое го купува Шилегов е 1.723.621 евра, исто такво возило град Загреб купил за 794.052 евра. Нема дополнителна опрема која што ќе чини повеќе од возилото. А уште посмешно е дека град Загреб би набавил неопремено возило. Разликата во набавката од 939.569 евра е огромна. И во јавноста со право се поставува прашањето во чии џебови завршила таа, особено ако се земе во предвид дека фирмата која го испорачала возилото во Загреб остварила профит од набавката, така доаѓаме до фрапантни бројки, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова не е предмет само за ДКСК, ова е предмет и за ЈО. Не смее уште едем крупен криминал да заврши со одговорност на некој службеник, одговорност мора да има од врвот. Шилегов не може да се апстрахира од вина. Одговорност мора да има, децидни се од партијата.

ЕУРО 2020

Македонија