сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 73
home Вести

Со 0,1 процент буџетски средства, не бидува елементарно образование, а не па наука!

Со 0,1 процент буџетски средства, не бидува елементарно образование, а не па наука!

Владата на Зоран Заев продолжува со кратење пари во образованието. Покрај тоа што оваа година образованието беше една од гранките во кои имаше најмногу кратење на буџетски средства, исто така и со буџетот за идната година предвидени се само 0,1%.

Во време кога образованието е колабирано и кога државата треба да одвојува поголема сума на пари со цел да го подобри, таа одвојува минорни суми. Со буџетот за 2021 година за Министерството за образование и наука, предвидени се средства од само 0.1 посто од македонскиот буџет.

Нашиот образовен систем веќе ја губи смислата на неговото постоење, затоа што место да продуцира едуцирани, образовани и воспитани генерации, образование кај нас, на голема жалост, произведува неписмени генерации.
Ова особено дојде до израз последниве две години, за што реагираа и самите наставници дека имаат ученици во од второ до петто одделение кои имаат потешкотии во читањето и пишувањето или пак воопшто не умеат.
И кога ситуацијата е ваква каква што е, власта место да вложува што повеќе средства со цел да го подобри условите, да ги мотивира наставниците, па и учениците со цел образованието да се крене на повисоко ниво, тие кратат пари од него, односно му доделуваат ситни трошки.

На ова реагираше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова која на расправата во Комисијата за финансирање и буџет истакна дека вознемирувачко и загрижувачко е тоа што Владата со предлог буџетот за 2021 година за образование одвојува само 0,1 процент.

Таа додаде дека таа е срамна сума и дека со 0,1% наука не бидува.

– Ако не може наука да има со 0,1 процент средства од буџетот, умирам од срам кога разговарам со колеги од регионот со 0,1 наука не бидува, истакна Силјановска Давкова на собраниската комисија.

Од друга страна пак, кога состојбата со македонското образование е катастрофално лоша, кога имаме незадоволен наставен кадар и ученици кои се надвор од образовниот процес, да не ги заборавиме 40-те илјади ученици кои немаат никаков ИТ уред за следења на онлајн наставата, министерката за образование и наука, Мила Царовска запнала да воведува сеопфатно сексуално образование во основните училишта.

Да, и тоа е потребно но, нели основа должност на образованиот систем е да ги описмени и научно да ги образува учениците, па после тоа, откако основците ќе научат барем да читаат и пишуваат, и сексуално да ги описмени.

Најнови вести

Коронавирус