вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 17
home Вести

Снимките ем незаконски докази, ем не им ги врачуваат на обвинетите

Во законот е предвидено само доколку снимките се т.н. ПИ мерки да може да се слушаат или гледаат во судот, но овие незаконски стекнати материјали не се ПИ мерки, туку обични докази, кои по сила на закон судот е должен да нареди на СЈО да им ги врачи на обвинетите. 
Снимките ем незаконски докази, ем не им ги врачуваат на обвинетите

Не само што судот одлучи снимките кои по член 12, став 2 од законот за кривична постапка се незаконски, да ги смета за законски, туку одлучи и да не им ги врачува овие т.н. докази на одбраната иако законски е обврзан за тоа.

Ова следи откако СЈО излезе со тврдење дека ако снимките се дадат на увид на одбраната тие можеле да се менуваат, монтираат и манипулираат. Ваквото образложение нема ниту логична, ниту правна издржаност, бидејќи судот ги има снимките доставени од СЈО, така да што и да прават обвинетите за судот ќе е невалидно.

Судот сепак беспоговорно го прифати овој став на СЈО и одби да ги даде снимките на одбраната. Во законот е предвидено само доколку снимките се т.н. ПИ мерки да може да се слушаат или гледаат во судот, но овие незаконски стекнати материјали не се ПИ мерки, туку обични докази, кои по сила на закон судот е должен да нареди на СЈО да им ги врачи на обвинетите.

Оттаму снимките ем незаконски, ем не им ги врачуваат на обвинетите. Забележливо е дека судот суди онака како што бара СЈО, а одејќи по тоа и пресудите ќе бидат осудителни, независно какви докази ќе има одбраната, односно колку и да нема докази СЈО.

Сето ова во време кога СДСМ го менува името на државата и националноста на македонскиот народ. Судењата на СЈО станаа чиста фарса.

Изгледаат полошо од судењата на македонските патриоти во 50 тите години на минатиот век од страна на тогашниот комунистички режим. Се суди стихијно, кампањски, политички, незаконски, со однапред прифатени предрасуди и  однапред донесени одлуки по диктат на СДСМ.

Коронавирус