недела, 11. јуни 2023. Вести денес: 0
home Вести

Снимката во која Заев бара поткуп е прифатена од судот како доказ

Снимката во која Заев бара поткуп е прифатена од судот како доказ

Денес започна судењето против премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“ во кој тој е обвинет за земање мито од струмички бизнисмен во висина од 160.000 евра за легализација на  државно  градежно земјиште, случај за кој постои и видео снимка, од која јасно се гледна и слуша како Заев бара поткуп.

Присутен беше Заев, но не дојде сведокот Иван Николов, за кого како што беше речено, немало доказ дека бил уредно повикан.

Од снимката која беше објавена на „Јутјуб“ се гледа и слуша како Заев бара мито за легализација на градежно земјиште, што како општина и градоначалник во тоа време бил должен согласно закон да го направи. Скандалозно е и што од снимката слушаме како Заев вели дека давањето мито за легализација е пракса, која  сите ја правеле. Овде дополнително се отвара нов сомнеж, за кој ОЈО нема отворено истрага, а тоа е колку бизнисмени платиле мито кај Заев  за легализација на земјиштето.

Веќе повеќе од 2 години по разни основи се одложуваат рочиштата за „Поткуп“, а Заев со најбанални изговори ги одложуваше рочиштата, додека судот безпоговорно аминува  се што доаѓа од страна на Заев.

Претходното рочиште беше одложено со изговор дека Заев  се наоѓа на службено патување во Лондон. Медиумите пишуваа дека Заев уште минатата година во декември знаел дека ќе оди на службено патување на 26 февруари, но ниту тој, ниту неговата одбрана пријавиле кај судот дека Заев нема да биде во можност да присуствува на  рочиштето.

За ова одложување очигледно Заев и судот знаел однапред, па во документ кој излезе во медиумите, а бил испратен од кабинетот на претседателот на судот преку  системот на соопштенија, се гледа дека не е побарана камера за снимање на рочиштето на 26 февруари.

Според информациите кои ги објавија медиумите, братот на судијата Тодоровски е долгогодишен активист на СДСМ, Јордан Тодоровски, кој како што напишаа медиумите е вработен како информатичар во СДСМ.

Целата сага со судењето на Заев почна на 25-ти јануари минатата година, но рочиштето никако да се одржи. Првите два пати, судењето беше одложувано поради тоа што Заев бил на службен пат. Уште две рочишта потоа беа одложувани поради неприсуство на неговите адвокати, потоа судењето се одложуваше поради средба со италијанскиот амбасадор, по што беше демантиран  од амбасадата дека таква средба не се одржала.

Во септември, пак, рочиштето беше одложено поради боледување на судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Претходно процесот беше одложен, бидејќи предметот не беше пристигнат од Апелацискиот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, затоа што делови од неа беа јавно објавени на видео-сервисот „Јутјуб“.

Најнови вести