Блокирани улици. Полиција распоредена пред владината зграда. Го чекаат протесниот марш на земјоделците револтирани поради ненавремената исплата на субвенциите од Владата. Земјоделците го прекинаа протестот кај старата автобуска станица. Како што велат, полицијата не им дозволила да поминат бидејќи биле со трактори полни со овошје и зеленчук. По неколку минути, откако се симнаа од тракторот, насобраните демонстранти го продолжија маршот кон Владата, барајќи оставка од премиерот Зоран Заев.
Накратко вака се одвиваше денешниот протест на земјоделците, а како изгледаше од птичја перспектива погледнете ја ексклузивната снимка од дрон што ја објавува Курир.