вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 49
home Вести

Снежни наноси, голомразица и силен ветер до 80 км/ч, ова е денешната прогноза за времето

Снежни наноси, голомразица и силен ветер до 80 км/ч, ова е денешната прогноза за времето

Во Република Македонија претпладне на места се уште ќе има врнежи од снег со послаб интензитет и ќе има појава на голомразица.

Преку денот ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/час) кој ќе предизвика појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до 1, а дневната од минус 7 до 5 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до минус 2, а дневната ќе достигне до 2 степени.

До сабота ќе преовладува променливо облачно и студено време, а од недела се очекува постепено затоплување.

Коронавирус