четврток, 4. март 2021. Вести денес: 3
home Вести

СНЕГОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ- ќе имаме ли конечно зимска идила во главниот град, еве до кога ќе врне без престан! (ФОТО)

СНЕГОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ- ќе имаме ли конечно зимска идила во главниот град, еве до кога ќе врне без престан! (ФОТО)

Утрово започна да врне снег во главниот град.

И додека сите планини со кои е опколено Скопје се под снег, а од утрово и Водно, снегот започна да се спушта и во пониските делови од нашиот град.

Според метеоролозите ова е очекувано, бидејќи тие најавуваа дека ни доаѓа дождот и снегот.

УХМР најавува поинтензивни врнежи од снег на пониските места за кон крајот на денот, вклучувајќи го и Скопје, исто така попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.

На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.

Во среда ќе дува силен северен ветер и на места се уште ќе провејува снег.

Во четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студено.

Во петок кон крајот на денот во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Коронавирус