среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Снегот повторно доаѓа оваа недела- еве кога да се подготвите за големата промена на времето

Снегот повторно доаѓа оваа недела- еве кога да се подготвите за големата промена на времето

Времето утре ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер.

Во среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.

Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.

Како што соопшти УХМР во среда утринската температура ќе биде од минус три до пет, а дневната од 9 до 16 степени.

Слично време ќе има и наредните денови. Во недела утринската температура ќе биде од минус седум до еден, а дневната од 10 до 18 степени

Коронавирус