четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 26
home Вести

Снегот нема да престане да вее: Уште пообилни врнежи во текот на ноќта

Снегот нема да престане да вее: Уште пообилни врнежи во текот на ноќта

Во текот на ноќта времето ќе биде студено со пообилни врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека до 16 часот денеска најмногу снег наврнал во Маврово односно 56 сантиметри, 31 во Лазарополе, 20 во Пожаране, 5 во Ѓуриште и Тополчани, 2 во Тетово, Штип, Претор и Битола и по 1 сантиметар во Скопје, Прилеп и Охрид.

Во текот на утрешниот ден, врнежите ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка.

Во Скопје утре ќе биде облачно и студено, со слаб до умерен северозападен ветер и со врнежи од снег особено претпладне. Температурата ќе биде во интервал од -2 до 0 степени.

Коронавирус