петок, 27. мај 2022. Вести денес: 101
home Вести

СНЕГОТ НЕ ПРЕСТАНУВА НИТУ ВЕЧЕРВА – на овие места трупа без престан, УХМР издаде и актуелно предупредување за овој викенд! (ФОТО)

СНЕГОТ НЕ ПРЕСТАНУВА НИТУ ВЕЧЕРВА – на овие места трупа без престан, УХМР издаде и актуелно предупредување за овој викенд! (ФОТО)

Прогнозата на УХМР за денес се оствари, снежна покривка има на секаде низ земјата, а вечерва снег без престан врне на повисоките земја низ Македонија.

Особено снег во овој момент врне на Попова Шапка, Маврово, Пониква и Крушево.

Снег не очекува и во следните неколку дена.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Времето во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја локално ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

УХМР објави и актуелно предупредување за во наредните неколку дена:

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови.

Коронавирус