петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Снегот искористете го за прошетка само уште утре: Еве каде има најмногу и што најавува УХМР за во наредните денови, особено за во понеделник

Снегот искористете го за прошетка само уште утре: Еве каде има најмногу и што најавува УХМР за во наредните денови, особено за во понеделник

Македонија втор ден е под снег, а според метеоролозите ваквото време не очекува и во текот на ноќта.

Снег денеска врне на повеќе планини и повисоки места во земјава, додека дождот без престан врне на пониските места низ целата територија.

Во моментов снег има на Попова Шапка, Маврово, Пониква, Галичица и Нижополе.

 

Снегот е погоден и овој викенд да се помине на планина со семејството и блиските пријатели, бидејќи за кратко ќе се стопи.

УХМР за утре најавува претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Додека за жал снегот ќе се стопи во недела поради високите температури и сончевото време кое ќе се задржи во наредните денови по викендот.

Во недела УХМР најавува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во понеделник времето ќе биде умерено облачно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Во планинските подрачја ќе има краткотрајно зголемување на облачноста со услови за локален дожд.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во вторник температурата ќе се искачи на високи 21 степени целзиусови.

Коронавирус