недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 55
home Вести

Снегот ги блокираше патиштата ширум Македонија: Каде има намалена видливост и забрани за сообраќај?

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.
Снегот ги блокираше патиштата ширум Македонија: Каде има намалена видливост и забрани за сообраќај?

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни служби.

Врнежи од снег се бележат во западните, југозападните и централните делови од државата.

Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково и Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се уште се на сила.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. (МИА)

Коронавирус