понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 114
home Вести

Снег во Лазарополе

Снег во Лазарополе

Времето утрово е облачно,а во југозападниот дел од земјата има врнежи од дожд. Во Лазарополе има појава на снег, а до 7 часот таму наврнаа два сантиметри.

Најниска температура утрово од 0 степени беше измерена во Крушево, Лазарополе и Крива Паланка, два во Берово, три во Претор, четири во Куманово, Пожаране и Охрид, пет степени во Струмица, Виница, Битола, Прилеп и Штип, шест во Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија и осум стеоени во Дојран.

Најмногу дожд до 8 часот наврна во Претор 16 литри на метар квадратен, во Крушево и Дојран 10, во Лазарополе девет, во Битола осум, во Охрид седум, во Тополчани шест, во Прилеп и Пожаране три, во Тетово два, и во Штип, Струмица и Скопје-Зајчев Рид еден литар на метар квадратен.

Претпладне во југозападните делови ќе има појава на краткотраен дожд. Во останатите делови ќе биде умерена до значително облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Потоа следува период на претежно сончево и се потопло време. Најтопло ќе биде за време на викендот, иако во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Од почетокот на следната недела ќе има услови за појава на попладневна нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Коронавирус