среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 22
home Вести

Снег на Стража и Попова Шапка

Снег на Стража и Попова Шапка

Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози во североисточните, северозападните и југозападните делови од државата. Во источните и јужните делови коловозите се местимично влажни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Локални избори 2021