понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

СНЕГ ЌЕ ВРНЕ БЕЗ ПРЕСТАН: УХМР вечерва со вонредна прогноза, особено прочитајте каков студ не очекува во наредните денови!

СНЕГ ЌЕ ВРНЕ БЕЗ ПРЕСТАН: УХМР вечерва со вонредна прогноза, особено прочитајте каков студ не очекува во наредните денови!

Времето во целата земја денеска е облачно, студено и ветровито, насекаде со врнежи од снег и температури под нулата.

Според информацијата на УХМР најмногу снег има на Попова шаока 44 сантиметри, 13 Маврови Анови, девет Претор, сседум Охрид, шест Битола, пет Пожаране, четири Штип, три Тетово, Берово, Ѓуриште, Тополчани, и два Прилеп, К.Паланка. Најмногу врнежи во текот на денов имало во Претор 9 литри на метар квадратен, шест Охрид, пет Пожаране, четири Тетово, два Берово, Струмица, Крива Паланка и Битола и еден Прилеп и Штип.

Температурата според мерењата на УХМР се движела од -14 Попова Шапка, -12 Маврово, -8 Берово, -6 Прилеп, Крива Паланка, -5 Охрид, Тетово, Штип, -4 Скопје, Битола, -3 Демир Капија, -2 Струмица, Гевгелија до нула во Претор.

Облачното и многу студено време со врнежи од снег ќе продолжи и попладнево, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат особено во југозападните и западните делови. До утре насекаде ќе се формира снежна покривка, во источните делови до 10 см, а на запад меѓу 20 и 30 см. На планините на северозапад постоечката снежна покривка ќе се зголеми за нови 20 до 30 см снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде дополнително ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -5, а максималната и утре насекаде ќе се задржи негативна и ќе биде во интервал од -8 до -2 степена.

Во Скопје облачно, времето претпладне и околу пладне ќе биде со врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу -8, а максималната ќе достигне -4 степени.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија